• Latest

Учебникот Географија за втора година гимназиско образование е повлечен од употреба

March 18, 2021
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
Фото: Архива

Политико: Унгарија подготвува нов „антиукраински сојуз“ во ЕУ со Чешка и Словачка

October 28, 2025

ЕУ во 2024 година обезбедила 31,7 милијарди евра за климатските активности на земјите во развој

October 28, 2025

Еуроактив: Србија меѓу демократијата и литиумот

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Учебникот Географија за втора година гимназиско образование е повлечен од употреба

March 18, 2021 13:36
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Учебникот Географија за втора година гимназиско образование е повлечен од употреба и од денеска нема да се користи во наставата. Решението на стручната Комисија за повлекување на спорниот учебник, денеска го потпишала министерката за образование и наука Мила Царовска.  Заменик-министерот Арафат Шабани на прес-конференција рече дека учебникот е повлечен поради неточна содржина, а и навредлива за Албанците и дека и во иднина од наставата ќе се отстрануваат учебници со несоодветна содржина.  

– Учебникот беше користен со децении за ученици од втора година, и покрај тоа што Министерството за образование и наука го раководеле неколку министри Албанци. Им благодарам на Комисијата за донесената одлука и на мнистерката Царовска за соработката и зашто е слушнат гласот на стручните лица во врска со скандалот во учебникот по герографија. Ова е само првиот чекор во мојата мисија како заменик-министер и на движењето БЕСА – партијата на која и припаѓам, во насока на коригирање на останатите училишни и универзитетски книги во земјава кои содржат невистини и материјали што поттикнуваат навреда и омраза кон сите групи, особено кон Албанците, рече Шабани.  

Соопшти дека комисијата била составена од членови од повеќе образовни институции и професори по географија од ПМФ, а нејзиниот претседателот бил од Институтот за географија. По повлекувањето на овој учебник, рече, средношколците ќе учат од дидактички материјали додека не се изработи нов и посочи дека ќе има целосна реформа на учебникарството и се подготвува нов закон за учебници. Пропустите во учебниците, додаде Шабани, ќе бидат системски решавани со ревидирање на тие што имаат недостатоци.   

Комисијата која донесе одлука за повлекување на овој учебник, кој бил одобрен по наставна програма од 2002 година, констатирала дека учебникот по географија е преоптоварен со статистички и други податоци и факти кои не одговараат на дидактичко-методскиот пристап за возраста на децата, а исто така, во неколку наставни содржини во учебникот се нарушени начелата на неповредливост на културата, историјата и другите вредности на граѓаните на Република Северна Македонија, што е спротивно на Законот за учебници за основно и средно образование. 

Министертството за образование и наука соопшти дека во рамки на планот за целосно реформирање на националниот образовен систем, меѓу клучните чекори е обезбедување квалитетни учебници и наставни содржини во основното и средното образование. МОН информираше дека новиот закон за дидактички материјали и учебници е веќе објавен на ЕНЕР и со него системски се спречува вакви содржини да се провлекуваат во учебниците.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ