• Latest
dig

УЈП: Неиздавање фискални и сомнителни сторни сметки најчести злоупотреби

May 31, 2018
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

УЈП: Неиздавање фискални и сомнителни сторни сметки најчести злоупотреби

May 31, 2018 12:29
in ВЕСТИ
dig

dig

Share on FacebookShare on Twitter

Неиздавањето фискални сметки и сомнителното сторнирање на сметките се најчестите злоупотреби што ги открила Управата за јавни приходи (УЈП) во последните контроли што ги спровела во периодот од 19 април до 22 мај годинава.

Како што информира директорот на УЈП Сања Лукаревска на денешната прес-конференција, во овој период од контролираните 311 објекти мобилните екипи на УЈП  откриле неправилности во работењето кај 108 објекти низ целата државата.

– Најголем број неправилности, 28, беа констатирани во Скопје, каде беа контролирани 92 објекти, а најмалку неправилности, по една има во Делчево и Македонска Каменица, рече Лукаревска.

Од почетокот на годината, додаде, од контролирани 3.086 објекти констатирани се неправилности во работењето кај 362 објекти, од кои 98 се во Скопје, а само еден во Делчево.

Со контролите биле опфатени хотели, ресторани, сендвичарници, барови, пицерии, автомеханичари, вукланизери, продавници за атоделови, салони за убавина, фризерници, цвеќарници, продавници за облека и манифестации што ги организрираат општините.

– Најчести неправилности утврдени со контролите се неиздавање фискални сметки, односно користење на компјутерски сметки/маркери како замена на фискални сметки,  непоседување на резервен фискален систем на опрема, непоседување и неевидентирање на податоци во книга за дневен финансиски извештај и итна смедководствена книга, неусогласен промет, односно разлика на готовински промет во каса и евиднетиран промет преку фискален систем на опрема, рече Лукаревска.

Највисок износ на разликата во каса од 82.879 денари, како што посочи, е констатиран кај даночен обврзник во Охрид каде евидентираниот промет преку фискален апарат изнесувал 53.873 денари, а во каса имало 136.752 денара.

– Врз основа на анализа на податоците од фискалните системи на опрема со вграден ГПРС уред констатирани се состојби со голем број на сторни фискални сметки кај некои даночни обврзници. Кај некои од овие обврзници е констатирано континуирано дневно  сторнирање на фискални сметки што го надминува бројот од 130 дневно со сторниран вкупен дневен промет што се движи и до 40.000 денари, потенцира Лукаревска.

Во март и април годинава, како што рече, сторнирани се вкупно 4.127 сметки со вредност од над еден милион денари и тоа само кај еден угостителски објект во Скопје, од 100.000 до 500.000 денари има 185 сторнирани сметки кај три угостители во Скопје, Охрид и Прилеп, а од 50.000 до 100.000 денари сторнирани се 76 сметки за еден месец кај еден угостителски објект во Скопје.

– Вкупно во март и април кај 144 најчесто помали даночни  обврзници утврдени се 5.097 сторни сметки. Тоа значи дека даночниот обврзник му дава на потрошувачот фискална сметка, но доколку тој не ја земе оди на ризик дека ќе биде сторнирани и врз основа на тоа се прави еден вид на затајување на данокот. Оваа состојба може да кажам дека е алармантна, рече Лукаревска.

Појасни дека законски не е ограничен бројот на фискални сметки што можат да бидат сторнирани, но додаде дека кај објектите кај кои постои сомнително сторнирање на сметки Управата спроведува повеќегодишни ДДВ контрлоли и контрола на персоналниот данок неколку години наназад за да се утврди вистинската состојба.

Најави дека наскоро УЈП ќе спроведе кампања за покревање на свеста на граѓаните да бараат, а фирмите да издаваат фискални сметки, како и дека летово ќе се зголемат контролите во туристичките агенции и летните фестивали и фестови.

(МИА)

Tags: ГПРСзлоупотребаСања ЛукаревскаУЈПфискализација
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ