Управата за јавни приходи излезе со нова листа на должници, која е пократка, но долговите се повисоки.
Данок на додадена вреднос, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини не платиле 1.924 правни лица и 1.882 физички лица.
Листа се однесува на должници за долгови до 31-ви март и неплатени до 30-ти јуни оваа година.
Физичките лица и самостојните вршители на должност, што се најдоа на оваа листа, имаа долгови повисоки од 120.000 денари, додека кај правните лица долгот надминува 300.000 денари.
Вкупниот долг изнесува 8.684.577.660 денари или 141.212.644 евра.
На листата на должници се наоѓа и Општина Карпош, МРТ, ФК Вардар, Бајруш Сајдију, Друштвото за градежништво „Бетон“…