Украина денес се наоѓа во 401-от ден војна, откако Русија изврши инвазија врз земјата.
Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, заедно со повеќе шефовите на странски држави и влади им оддаде почит на жителите на Буча убиени од руските агресори за време на привремената окупација на овој град, кој се наоѓа во Кијивската област.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги повика американските граѓани веднаш да ја напуштат Русија.
Комесарот за човекови права Волкер Турк денеска изјави дека кршењето на човековите права при руската инвазија на Украина е „шокантно рутински“ и дека бројот на цивилни жртви е далеку поголем од официјалните бројки.
Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд вчера во интервју за Франс прес изјави дека Русија „не треба да биде“ постојана членка на Советот за безбедност на светската организација.
Словачка планира да го зголеми производството на муниција и артилериски гранати за Украина, изјави денеска министерот за одбрана Јарослав Над додека патувал со воз за Киев, јави ДПА.
Урсула фон дер Лајен за трагедијата во Буча: Она што се случи во Буча пред една година не беше изолирана епизода. Тие ладнокрвни егзекуции беа дел од поголем план. Планот на Кремљ да ги елиминира Украинците. Нивниот национален идентитет. Нивното чувство за битие. Воените злосторници ќе одговараат.
Руските сили изминатата ноќ ја нападнале Украина со 10 дронови „Шахед-136“ од кои девет биле уништени од украинските воздухопловни сили.
Подготви: А. Ристески
Извор: Фронтлајн