• Latest

Украина и Русија на преговарачка маса, вкупно 7 години затвор за обвинетите во „Титаник“, ЕУ нема да дозволи формирање марионетска влада во Киев…

February 28, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Украина и Русија на преговарачка маса, вкупно 7 години затвор за обвинетите во „Титаник“, ЕУ нема да дозволи формирање марионетска влада во Киев…

February 28, 2022 16:20
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Војна во Украина – Зеленски: Следните 24 часа ќе бидат клучни за Украина, руските трупи го забавуваат темпото на офанзивата, сепаратистите ја прекинаа мобилизацијата, Украинската и руската делегација седнаа на преговарачка маса

Новинската агенција БелТА на својот Јутјуб канал  објави видео како украинската и руската делегација седнале на преговарачка маса, пренесува Укринформ.

Во украинската делегација се Дејвид Арахамиа, шеф на фракцијата „Слуга на народот“, Олексиј Резников, министер за одбрана на Украина, Михаило Подолијак, советник на шефот на кабинетот на претседателот, Андриј Костин, прв заменик-шеф на украинската делегација во трилатералната Контакт група, пратеникот Рустем Умеров и заменик-министерот за надворешни работи, Микола Точицки.

Кабинетот на украинскиот претседател соопшти дека клучното прашање на разговорите ќе биде итен прекин на огнот и повлекување на војниците од Украина.

Од 07:00 часот, 28 февруари 2022 година, градот Мариупол е под контрола на Украина,објави градскиот совет на Мариупол на Фејсбук.

Без струја останаа вкупно 41.229 претплатници, а прекинати се топлинските услуги за 54 станбени куќи. Пумпните станици работат според планираното.

Руската армија го гранатираше градот Изиум во областа Харков.

Москва го забави темпото на офанзива, соопшти денеска, украинската војска за време на петтиот ден од нападот врз Украина.

Летонскиот парламент едногласно изгласа да им дозволи на своите граѓани да се борат во Украина доколку сакаат, се наведува во денешното соопштение на Парламентот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Борел: ЕУ нема да дозволи преговорите меѓу Русија и Украина да завршат со „воспоставување марионетска влада“ во Киев

Високиот комесар за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел во интервју за шпанската јавна телевизија ТВЕ денеска изјави дека Европската унија нема да дозволи преговорите меѓу Русија и Украина да завршат со „воспоставување марионетска влада“ во Киев.

– Сите војни завршуваат, но треба да се види на кој начин. Тоа не смее да се случи и нема да дозволиме ова да заврши со задушување на слободите на Украинците и нивната легитимна Влада, која би била заменета со марионетска влада, како што се случуваше во времето кога Русија беше дел од Советскиот Сојуз, рече Борел.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Поранешните министри за внатрешни работи и транспорти и врски, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски, обвинети во случајот „Титаник”, по изјаснувањето за виновни за обвинението, денеска од Кривичниот суд Скопје, беа осудени на вкупно седум години казна затвор. Претседателот на судечкиот совет Осман Шабани информира дека Јанакиевски е осуден на вкупно четири години и шест месеци затвор, додека Јанкуловска, на две години и шест месеци затвор.

МВР ги повика граѓаните на Северна Македонија да ги искористат се уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на Русија. Ваквото предупредување следува поради можноста да дојде до целосен прекин на авио линиите од и кон Русија.

ПРОТЕСТ Остар протест против воените дејства што ги започна Русија против Украина во отворено писмо упатија над 2.000 руски академици, членови на Руската академија на науката, научници, новинари, интелектуалци. Според потпишаните, одговорноста за покренување нова војна во Европа целосно паѓа на Русија, која нема рационално оправдување за оваа војна.

САНКЦИИ Санкциите на Европската унија против руската Централна банка утринава  стапија на сила откако беа објавени во официјалниот Службен весник на ЕУ а Швајцарија исто така соопшти дека „е многу веројатно“ дека наскоро ќе ги замрзне руските средства во своите банки.

ЕУ ЧЛЕНСТВО Украинските власти ја повикуваат Европската унија да ѝ даде веднаш членство на Украина, со специјална процедура. Ваквото барање утринава го истакна украинскиот претседател, Володимир Зеленски, за време на неговото видео обраќање на Телеграм, јави дописник на Укринформ.

ХАКИРАЊЕ „Анонимус уништи повеќе од 300 руски владини, државни медиуми и веб-страници на банки во последните 48 часа, а повеќето од нив моментално се офлајн“, објави хакерската група на Твитер.

ВО ФОКУСОТ НА ЦИВИЛ – Изборниот систем и реформите

ЦИВИЛ организира онлајн настан на тема „Изборен систем и реформи: Препораките на ЦИВИЛ“, среда, 02 март, со почеток во 13 часот. „Во фокусот“ на ЦИВИЛ ќе се најдат повеќе актуелни и исклучително важни аспекти за изборниот систем.

Една изборна единица е најновата играчка во македонската политичка игротека. Истовремено, дел од политичарите во земјата бараат предвремени избори. Изборниот систем, изборната регулатива и самите изборни процеси се спроведуваат, за граѓанките и граѓаните! Не за политичките партии, туку за луѓето да донесат информирана одлука и да изберат кој најмногу им одговара да им служи.

За ова, и за многу други аспекти на прашањата поврзани со изборните процеси, ЦИВИЛ напиша и објави публикации на неколку илјади страници.

ДОМ: Нападот на Украина е и напад врз владеењето на правото, демократијата и мирот во Европа

„Во Украина да продолжат дипломатски напори за постигнување мирен исход. Изразуваме солидарност со украинскиот народ и поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. За таа цел учествувавме и на мирниот протест во Скопје, под мотото “Застанете со Украина”.

Ова не е само напад на територијалниот интегритет на Украина, туку напад врз владеењето на правото, демократијата и мирот во Европа. Како дел од Европското зелено семејство ја поздравуваме обединетоста на прогресивните демократски сили во спроведувањето санкции, како дел од координираните напори, изјави Маја Морачанин од ДОМ за ЦИВИЛ Медиа.

ДИСТРИКТ – Паскоска: Психолошкото во детската заштита е клучен но запоставен дел во законската легислатигва

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Андријана Паскоска – младА научничка, магистер по психолошки науки, психолог во областа социјална заштита, хуманистка, коавторка на трудот „Законот за детска заштита и психологијата“.

АНАЛИЗИ

Александар Николиќ Писарев ФОТО/ ЦИВИЛ

„Путин заборава дека и другите имаат нуклеарно оружје и дека и тие сакат да си ја бранат својата слобода, начин на животот и границите но не сакаат да ги прекршат принципите на ОН, воспоставени уште по завршетокот на Втората светска војна и колективните договори за безбедност и мир во светот.“, пишува Александар Николиќ Писарев во анализата „Војната во Украина : Нова рамка за студената војна во светот (прв дел)“.

СЛОБОДНА ЗОНА

Проф. Мирјана Најчевска

„На една страна е држава во која луѓето можат во голема мера да кажат што мислат, да добиваат и споделуваат информации, да се здружуваат, да демонстрираат, да се спротивставуваат на одлуките на власта. На другата страна е држава во која постои отворена забрана на сите овие права и слободи.

На една страна е држава во која има релативно независно судство, а на другата има судство кое е апсолутно зависно од волјата на властодржецот.“, пишува Мирјана Најчевска во колумната „Нападот врз Украина го осудија демократските држави – сите“.

 

Сашо Орданоски / Фото ЦИВИЛ

„Ирационална е таа емоција, составена од провинциска тесноградост, инает, цинизам, лична разочараност и насобрана горчина. Се работи за една комплексна фрустрација во која кај мнозина од нив се искомбинирани личните неуспеси и животните потфрлања, за кои и не се сосема лично виновни. Фатени се во „челустите“ на противречностите на капитализмот, а Македонците веќе три децении не негуваат голем апетит за него. Ветуваната „подобра иднина“ ги одминува.“, прочитајте во колумната на Сашо Орданоски „Македонците и Украина: Чорба со многу мирудии, а малку мевце!“

 

м-р Велин Стојановски

„За подобрување на стандардот на пензионерите потребно е во иднина усогласувањата да се вршат не само со индексот на растот на трошоците за живот туку и соодветно на растот на платите. Сметам дека најдобро е зголемувањето по основ на индексот на растот на трошоците за живот да биде линеарно односно исто за сите пензионери, а по основ на растот на платите да биде процентуално и да  го добиваат само пензионерите кои имаат пензија помала од просечната плата во државата“, Велин Стојановски во колумната „Зголемените пензии предизвикаа тензии“.

Д. Тахири

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ