• Latest

Украина ја повика светската заедница на седницата на ГС на ОН да ја осуди руската анексија на украински територии

October 11, 2022
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украина ја повика светската заедница на седницата на ГС на ОН да ја осуди руската анексија на украински територии

October 11, 2022 08:54
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На синоќешната итна седница на Генералното собрание на ОН, Украина ја повика светската заедница да ја осуди руската анексија на деловите од нејзината територија, со што таа го прекрши меѓународното право.

-Таканаречените референдуми немаа никаква врска со тоа што ние го нарекуваме изразување на волјата на народот, ниту од правен, ниту од технички аспект, изјави на седницата украинскиот амбасадор во ОН, Сергиј Кислицја.

Тој ги повика членките на ГС на ОН да ги одбранат принципите на Повелбата на ОН.

-Зад руската делегација, кога таа ќе влезе во Генералното собрание, останува трага од крв, а салата е исполнета со мирис на скапано човечко месо. Тоа е тоа што го толериравме во Сирија. Еве што се случува во Украина денеска, додаде Кислицја.

Тој го повика највисокото тело на ОН да усвои резолуција со која се бара Русија да ја отповика својата анексија на четирите делумно окупирани региони на Украина.

Вчерашните ракетни напади на Москва врз Украина, според амбасадорот, уште еднаш покажаа дека Русија е терористичка држава.

На почетокот на седницата на Генералното собрание на ОН Русија не успеа во обидот да изнуди тајно гласање за нејзината нелегална анексија на делови од Украина.

Големо мнозинство од 193-те членки на ОН, точно 107, на почетокот на вонредната седница гласаа за јавно изјаснување за нацрт-резолуцијата за ова прашање пред најголемото тело на ОН.

Генералното собрание на ОН синоќа ја почна дебатата за неодамнешните нелегални анексии на делови од Украина од страна на Русија.

На крајот на седницата, која поради големиот број говорници би можела да биде продолжена до среда или четврток, се очекува земјите-членки да гласаат за резолуцијата со која се осудува Москва.

За разлика од Советот за безбедност, резолуциите на Генералното собрание на ОН не се обврзувачки според меѓународното право.

Резолуцијата ги осудува руските „незаконски таканаречени референдуми” и „обидот за нелегална анексија” и ги повикува земјите да не го признаат овој руски чин и го потврдуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Синоќа само 13 земји се спротивставија на јавното гласање, 39 беа воздржани, а Русија и Кина воопшто не гласаа.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ