Руските сили денеска извршија пет ракетни напади, повеќе од 10 воздушни напади и над 20 напади од ракетни системи против воени и цивилни цели во Украина, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.
Руските окупатори продолжуваат со својата тактика на терор и заплашување на цивилното население на Украина, објавија официјални лица на Фејсбук страницата на Генералштабот.
Во објавата се додава дека „не можејќи да одговорат на бојното поле, руските војници повторно ја погодија критичната инфраструктура на мирните украински градови со проектили“.