Украинската амбасада во Република Северна Македонија, на својот Фејсбук профил објави дека денеска се навршуваат 100 дена од крвава и луда руска воена агресија против Украина и украинскиот народ, и дека целиот свет ја поддржува Украина во борбата со агресорот.100 дена Украина храбро и херојски се бори со руската дива орда!
Денес, Амбасадата и Заедницата се обединија под слоганите #StandWithUkraine #StopRussianAgression #RussiaInvadedUkraine #Ukraine UnderAttack.
Целиот свет ја поддржува Украина. Заедно за победа!
Слава на Украина!
М.Д.