На 29-30 септември, Украина, заедно со остатокот од светот, го почитува споменот на десетици илјади Евреи убиени од нацистите пред 83 години во Кијив Бабин Јар.
Масакрот во Бабин Јар беше едно од многуте масовни погубувања извршени од нацистичките Германци, почнувајќи од 1941 година. Тоа беше, исто така, едно од најголемите масовни убиства на една локација за време на Втората светска војна, стои во Енциклопедијата на Холокаустот.
По тој повод, Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, напиша дека „ова е симбол на ужасите што се случуваат кога светот молчи. Вечен спомен на жртвите!“ Амбасадорката Дир води своевиден дневник на настаните поврзани со руската брутална агресија против Украина. Денеска е ден 949 од почетокот на целосната руска агресија во 2022 година. Во спомен на жртвите на масакрот на Евреите во Бабин Јар во 1941 година, но и во контекст на сегашноста, амбасадорката Дир напиша:
Ден 949. Денес се одбележуваат 83 години од трагедијата на Бабин Јар. На 29-30 септември 1941 година, нацистите стрелаа над 30 илјади Евреи во Киjив. Вкупно, за време на окупацијата, беа убиени околу 100 илјади луѓе.
Ова е симбол на ужасите што се случуваат кога светот молчи. Вечен спомен на жртвите!
Ден 949. Денес се одбележуваат 83 год. од трагедијата на Бабин Јар. На 29-30.09.1941, нацистите стрелаа над 30 илјади Евреи во Киjив. Вкупно, за време на окупацијата, беа убиени околу 100 илјади луѓе.
Ова е симбол на ужасите што се случуваат кога светот молчи. Вечен спомен на жртвите! pic.twitter.com/8tYuMChSRb— Larysa Dir (@dir_larysa) September 29, 2024