• Latest

Украинската амбасадорка Дир за #ТоплинаЗаУкраина: Генератор за Буча и топли ќебиња за жителите на прифронтовската Сумска област

February 13, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Украинската амбасадорка Дир за #ТоплинаЗаУкраина: Генератор за Буча и топли ќебиња за жителите на прифронтовската Сумска област

February 13, 2026 22:16
in АКЦЕНТ, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во порака споделена на социјалните мрежи, амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, изрази благодарност и поддршка за иницијативата #ТоплинаЗаУкраина, нагласувајќи ја важноста на солидарноста во еден од најтешките периоди од војната.

„Благодарение на донациите на претставниците на Собранието на РСМ, дипломатскиот кор и граѓаните, Амбасадата на Украина, во рамки на кампањата #WarmthForUkraine со Caritas и @CivilMacedonia, обезбеди генератор за Буча и топли ќебиња за жителите на прифронтовската Сумска област. Ја цениме помошта!“ – напиша амбасадорката Дир.

Благодарение на донациите на претставниците на @SobranieRSM, дипломатскиот кор и граѓаните на🇲🇰 @UKRinMKD во рамки на кампањата #WarmthForUkraine со Caritas🇲🇰 и @CivilMacedonia обезбеди генератор за Буча и топли ќебиња за жителите на прифронтовската Сумска обл. Ја цениме помошта! pic.twitter.com/2BTlPu6hfc

— Larysa Dir (@dir_larysa) February 13, 2026

Иницијативата #ТоплинаЗаУкраина има за цел да обезбеди итна помош, вклучувајќи генератори за струја, опрема за греење и зимска опрема за заедниците погодени од руската агресија врз Украина. Поради континуираните напади врз цивилната инфраструктура, милиони луѓе и понатаму се соочуваат со недостиг од електрична енергија и екстремно ниски температури.

Минатиот месец, ЦИВИЛ – Центар за слобода, во координација со Амбасадата на Украина, по јавниот апел на министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига ги повика сите хумани луѓе да се приклучат на хуманитарната акција #ТоплинаЗаУкраина за прибирање средства и агрегати за снабдување со електрична енергија за домаќинствата, училиштата и болниците во земјата.

Организаторите на акцијата потенцираат дека потребите се и понатаму големи и итни. Затоа, на самиот почеток на акцијата #ТоплинаЗаУкраина, се приклучи хуманитарната организација Каритас и отвори сметка за донации каде што може да се донираат средства (ЛИНК).

„Ова не е само хуманитарен гест – ова е став на достоинство, човечност и отпор кон уништувањето“, порачуваат од ЦИВИЛ, упатувајќи повик „до сите хумани луѓе да се вклучат во оваа благородна акција за спас на човечки животи.“

Додека Украина продолжува да ја брани својата слобода и демократска иднина, иницијативи како #ТоплинаЗаУкраина претставуваат важен мост на солидарност меѓу граѓанките и граѓаните на Европа кои директно ги трпат последиците од војната, велат од ЦИВИЛ.

Во време кога студот се користи како оружје против цивилите, секој чин на топлина е чин на отпор. #WarmthForUkraine #StandWithUkraine pic.twitter.com/mr1AZBKRwD

— CIVIL (@CivilMacedonia) February 13, 2026

„Во време кога студот се користи како оружје против цивилите, секој чин на топлина е чин на отпор“, објави ЦИВИЛ на социјалните мрежи.

Од организацијата нагласуваат дека континуираната соработка со Амбасадата на Украина, како и личната посветеност на амбасадорката Лариса Дир, имаат клучна улога во координацијата и видливоста на акцијата #ТоплинаЗаУкраина. Нивната поддршка, велат организаторите, е силен поттик за солидарноста што се шири и дополнителна гаранција дека помошта ќе стигне таму каде што е најпотребна – до луѓето кои се соочуваат со суровите последици од воената агресија и претворањето на студот во смртоносно оружје.

ЦМ Деск

 


Во тек е хуманитарната акција Топлина за Украина – се приклучуваат фирми, институции и поединци

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ