Руските сили намерно гранатираа затвор во Оленивка, каде што се држеле украински воени затвореници, се вели во соопштението на Фејсбук од Генералштабот на вооружените сили на Украина, пренесува Укринформ.
„Вооружените сили на Руската Федерација извршија насочено артилериско гранатирање на казнено-поправна установа во населбата Оленивка во областа Доњецк, каде што, меѓу другите, беа држени и украински затвореници“, се вели во соопштението.
Генералштабот истакна дека руските напаѓачи имале најмалку две цели – да ја обвинат Украина за „воени злосторства“, како и да го сокријат тортурата на затворениците и егзекуциите што ги извршиле таму по наредба на окупациската администрација и командата на руските вооружени сили.
Се разјаснуваат последиците од гранатирањето.
Генералштабот нагласи дека според информациите дадени од командантот на ракетните сили и артилерија на украинските копнени сили, вооружените сили на Украина не извршиле ракетни или артилериски напади врз областа во Оленивка.
Предходно, руските сили изјавија дека 40 затвореници Азовстал биле убиени за време на наводен воздушен напад врз казнената колонија во окупираната Оленивка, Доњецка област. Според локалните жители, не се слушнале експлозии.
Засега нема информации за настанот од трета, независна страна.
Подготви: Д.Мишев