Украинските разузнавачи тврдат дека во Москва почнале бројни воени апсења.
Според Главната управа за разузнавачки работи при Министерството за одбрана на Украина, специјалните единици на Националната гарда на Русија (Росгвардија) дејствуваат во градот и дека тие се движат низ Москва во придружба на полициски единици.
Тврдат и дека сообраќајот е блокиран во центарот на главниот град на Русија.
Украинските разузнавачи наведуваат дека се запознати со бројни апсења и приведувања на воени службеници. Но, тие напоменуваат дека сето тоа не е објавено во руските медиуми.
Се наведува и дека сите воени единици во московската област се ставени во состојба на готовност.