Началникот на државната гранична служба на Украина (СБГС) Серхи Дејнеко му подари „30 сребрени монети“ на шефот Анатолиј Лапо од Државниот граничен комитет на Белорусија, за, како што напиша, плаќање за предавство. Тој му ги предаде симболичните монети на амбасадорот на Белорусија во Украина. Видеото од настанот го објави Руслан Форостјак на Фејсбук, пренесува ЛБ.уа.
„Тоа е наредба“ – рекол потполковникот на СБГС и се обидел да му даде вреќа со монети на амбасадорот на Белорусија во Украина, Игор Сокол.
„Тоа е наредба за тебе, но не за мене“ – одговори Сокол и разбеснет си заминал.
Украинската гранична стража ги фрли вреќа со монети по амбасадорот, при што довикна: „Со презир“.
Дејнеко изјави дека Русите вршат отворена крвава агресија против Украина од територијата на Белорусија, а како што знаете, 30 сребреници се плаќање за предавство, Ова е нашиот одговор до шефот на Државниот граничен комитет на Република Белорусија, генерал-полковник Анатолиј Лапо за подмолниот удар на Украина. Украина ќе победи!!!
Подготвил Д.Мишев