• Latest
Фото: Укринформ

Украинците го уништиле рускиот воен брод „Ковровец“, дроновите на СБУ погодија воен аеродром и рафинерија во Русија

May 19, 2024
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинците го уништиле рускиот воен брод „Ковровец“, дроновите на СБУ погодија воен аеродром и рафинерија во Русија

May 19, 2024 22:06
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ТОП 5
Фото: Укринформ

Фото: Укринформ

Share on FacebookShare on Twitter

Поморските сили на вооружените сили на Украина го уништиле рускиот воен брод, миноловецот „Ковровец“, објави Генералштабот на вооружените сили на Украина на Фејсбук, пренесува Укринформ.

Во текот на изминатиот ден, воздухопловните сили, ракетните сили и артилеријата на одбранбените сили погодија 21 област на концентрација на руски воен персонал, една радарска станица и два непријателски противвоздушни ракетни системи.

Севкупно, во текот на изминатиот ден, борбените загуби на руските агресори, неповратни и санитарни, изнесуваа околу 1.210 луѓе. Непријателот загуби и 16 тенкови, 35 оклопни борбени возила, 48 артилериски системи, три повеќекратни ракетни системи за лансирање, два системи за противвоздушна одбрана, 47 оперативни и тактички беспилотни летала, еден проектил, 82 возила и две парчиња специјална опрема.

Како што беше соопштено претходно, експлозии се слушнале во привремено окупираните Севастопол, Евпатори, Џанкој, Армијанск и во северната периферија на Симферопол. Беа забележани три удари на една локација, на еден од бродовите во областа на Инженерскиот залив во Севастопол.

Беспилотни летала на украинската служба за државна безбедност СБУ ноќта меѓу 18 и 19 мај ги нападнаа воздухопловната база Кушчовска и нафтената рафинерија Славјанск во руската област Краснодар. Ова за Укринформ го соопштија добро упатени извори од органите на редот во Украина.

„Синоќа победата на боксерот Олександар Усик ја прослави не само цела Украина, туку и воениот аеродром Кушчовскаја и нафтената рафинерија Славјанск во руската област Краснодар“, изјави изворот.

Според изворот, СБУ извршиле напад со беспилотни летала на аеродромот заедно со Силите за беспилотни системи.

Соговорникот истакна дека на аеродромот во моментот на нападот имало десетици различни авиони, вклучувајќи Су-34, Су-25, Су-27 и МиГ-29.

Дополнително, раководството на нафтената рафинерија Славјанск изјави дека по неколку силни експлозии фабриката престанала со работа и сега го проценуваат степенот на штетата.

Ова е веќе втор напад со беспилотни летала на СБУ врз воздухопловната база Кушчовска и нафтената рафинерија Славјанск во изминатите три недели. Претходно, неколку авиони беа погодени на аеродромот, а во рафинеријата за нафта, беспилотните летала ги погодија колоните за фракционирање и атмосферска дестилација.

Драган Мишев

Tags: беспиотни леталанападната руска рафинеријапофгоден аеродром во РусијаСБУуништен руски воен брод
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ