Група студенти од новоформираното младинско движење „Студентски отпор“, за кое јавноста дозна неодамна, денеска во 16 часот ќе се соберат пред Собарнието на протест од кој ќе побараат повлекување на предложените измени на Законот за студентски стандард и изедначување на стипендиите со повисокиот износ.
Претставници на движењето потоа треба да се сретнат со министерот за образование, Јетон Шаќири и со пратениците предлагачи на измените на Законот за студентски стандард со кои ќе разговараат и за подобрување на условите во студентските домови, а за студентите да не важат антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење на струја.
Универзитетското студентско собрание, кое е најголем застапник на студентите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ засега останува настрана од протестите на ова движење кое постои од пред две недели. Оттаму за „Локално“ велат дека барањата кои ги има „Студентски отпор“ се општи за сите млади, но оти тие ќе почекаат да заврши средбата во Собранието.
„Ќе ги исцрпиме сите инстиционални механизми, ако тоа не вроди со плод ќе одиме со други механизми“, вели за „Локално“ Славчо Темелковски од Универзитестото студентско Собрание.
„Ние би биле сами организатор или коорганизатор на некој протест и во тој случај би барале подршка од други организации. Нашиот став во однос на протестот е неутрелен и нивните барања и нашите барања се исти, се бориме за иста цел и верувам дека кога ќе завшри средбата во Собрание, очекуваме барањето на Универзитесткото собрание, заедно со други универзитети, да бидат прифатени, во спротивно, ако не бидат прифатени ќе користиме други механизми за да ги бараме нашите права“, вели Темелковски.
Претходно Јован Јанев од „Студентски отпор“ за „Локално“ изјави дека смета оти формално имаат подршка од студентите од сите факултети и универзитети од државата.
-Јас сум член на Универзитеското студентско Собрание на Универзитетот во Штип и денеска ќе учествувам во име на мојот универзитет на денешната дискусија. Официјална поддршка од студентите од другите студентски организации би била добра во контекст на официјализација и поддршка на одредени движења, но голем дел од студетите се членови на универзитески или студентски или факултетски собранија така што технички подршката постои, кажа Јанев за „Локално“.
Јанев кој пак е член на опозициската партија Левица изјави дека протестот на студентите нема политичка позадина.
-Што се однесува на политиката определба законски секој граѓани може да си им своја политичка определба и секој студент има различна политичка определба. На крајот на денот еден проблем не засега сите нас студентите, тоа е независно од партиска определба или припаѓање на било каков етникум итн, вели Јанев.
До протестот доаѓа откао власта вчера ги повлече измените на законот за студентски стандард, кој го потикна незадоволството на студентите а со кои се предвидуваше кратење на групите на студенти што добиваат надомест за дневен студентски оброк.