• Latest

Уште колку ќе треба да се помируваме со „Мацедонише цуштенде“?

January 4, 2017

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Уште колку ќе треба да се помируваме со „Мацедонише цуштенде“?

January 4, 2017 12:26
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

 

Беше тоа година со очекувани рефлексии од претходната. Беше тоа уште една година на предизвици и премрежја, надежи, копнежи и воздишки, година на „ваши“ и „наши“, на омрази и истенчени образи, на преживување на рати и општење со банкомати, на рефреширани рефрени од типот „Туѓината пуста да остане“, „Возот браќа тргнува, право за Германија“ или „Збогум мајко“, на голтање „живи жаби“ и мртви новороденчиња, на катастрофална поплава и поплави од закани, на погани зборови и  примитивизам, на политичко превирање и општо амнестирање, година на икони, крстови, ножеви и желба за повампирување на Ќосето.

13962554_1806292876252726_6210166308535815_n
Пишува: Ѓорги Калајџиев

Беше тоа година на две „вистини“, две обвинителства и промена на две политички бои. Беше тоа година на „мајки“ и „шајки“. За нашите мајки станува збор, од пусто „душегрижништво“ за нашата заедничка мајка, иако таа, не по своја желба, и годинава беше и мајка и маќеа, за кого како. Дури и кога „мајката“ е „татковина“ , излегува дека така е наречена  само по нечии татковци.  Во тој поглед сме вистински светски раритет. Во оваа земја – мајка, поради „која“  многу лесно ја спомнуваме мајката на опонентот, беше логично да очекуваме избори од трета мајка, не априлски, не јунски, ами декемвриски. Тие беа и поминаа, давајќи ни надеж дека можеби, доаѓа подобро време, со помалку причини за солзи во очите на мајките. Ете, за мајките, толку.

Што правиме со шајките? Што правиме со нештата кои личат на шила, со кои милуваме да ја компарираме вистината? Вистината вели дека шајките ни се заковани по ѕидовите изградени меѓу нас, и ни служат за закачување и откачување на нашите календари. Променивме 25 независни календари, а шајките останаа исти, за да ни бидат сведоци на нашето постоење. Некои болеа помалку, некои болеа повеќе, но последните десеттина, болеа до коска. Едно е повеќе од сигурно, дека календарите ни ги кинеа дамарите. Овој последниот особено често го правеше тоа. Затоа, многумина посакуваат што побргу да ја заборават 2016 година. Зошто? Јас никогаш не би сакал да ја заборавам оваа година. Амнезијата не ни оди во полза. Годината што поминува треба да ја спастриме во колективната меморија, за да нé подучува каков не треба да ни биде односот кон Македонија, кон самите себеси, и каков не треба да ни биде односот на едни кон други

Таа 2016, ќе ја паметам по еден мој неколкудневен престој во Словачка, прекрасна земја која е само двапати  поголема од Македонија.  Видов земја во која Сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, се почитуваат многу повеќе отколку кај нас. Видов беспрекорно чиста земја во која зеленилото е „закон“. Видов прекрасна архитектура, без трошка стиропор, која „кореспондира“ со времето во кое е создадена. Видов среќни луѓе на чии лица може да се „прочита“ задоволство, исполнетост и спокој.

Интересно е тоа што пред само петнаесеттина години, власта во Словачка била критички настроена кон опозицијата, обвинувајќи ги нејзините луѓе дека се платеници на Сорос. Арно ама, граѓаните на Словачка, размислувајќи со своја глава, се одлучиле довербата да им ја дадат токму на словачките „соросоиди“ (овој измислен збор таму е непознаница), па се случил пресврт во развојот на земјата. Во 2004, Словачка станува членка на ЕУ, а земјата како брзорастечка економија, доживува да стане европски економски „тигар“, со безмалку 9% раст (е нели, ние бевме најдобри на економски план), а невработеноста паѓа  на 7%. И еве ја Словачка во оваа, за нас турбулентна, 2016 година, како земја претседавач на Европската унија.

И сега, како може човек  да не се запраша, без да биде оквалификуван како предавник, како може Словаците да се и поумни и покултурни и пописмени од нас, кога „ние“ сме ги „описмениле“. Уште колку ќе треба да се помируваме со „Мацедонише цуштенде“ ? Та, нели, сме и ние луѓе, како тие таму?

И ако ме прашувате, како ја преживеав 2016 година, не очекувајте од мене прецизен одговор. Ако ја доживеав, не значи дека сум ја преживеал. Ако таа година убила дел од мене, тоа само значи дека сум жив, но не и преживеан. Баш штета. Јас сум од онаа генерација која растеше со „Бјело дугме“ и со нивната „Доживети стоту“…

(Авторот е поет и новинар)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: амнезијамајки и шајкиМакедонијаСловачкаСоростатковина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ