• Latest

Уште девет дена до крајот на кампањата, ДИК симулира гласање со фингерпринт уредите, сложни кандидати за унапредување на животната средина

October 7, 2021
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Уште девет дена до крајот на кампањата, ДИК симулира гласање со фингерпринт уредите, сложни кандидати за унапредување на животната средина

October 7, 2021 17:31
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Останаа уште девет дена до крајот на изборната кампања за локални избори, ДИК со симулација како ќе изгледа гласањето со новите фингерпринт уреди, кандидатите за градоначалници од Кочани се обврзуваат дека ќе работат на зачувување и унапредување на животната средина, кандидат за градоначалник не знае зошто би го гласале, злоупотреба на службената положба, црната кампања продолжува, апел за медиумска застапеност и родова еднаквост.

ДИК СО СИМУЛАЦИЈА НА КОРИСТЕЊЕТО НА ФИНГЕРПРИНТ УРЕДИТЕ

Со цел информирање на сите заинтересирани околу тоа како ќе тече изборниот процес со користење на уредите за биометриска идентификација на гласачи со отпечаток од прст, кои првпат ќе се применуваат на претстојните Локални избори, Државната изборна комисија денеска организира симулација на постапката на гласање и презентација на уредите.

КАНДИДАТИТЕ ОД КОЧАНИ ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗДРАВ ЖИВОТ

Кандидатите за градоначалник на Кочани потпишаа Декларација за здрав живот со која се обврзуваат дека доколку го добијат мандатот од граѓаните, ќе работат на зачувување и унапредување на животната средина.

Иницијативата за потпишувањето на документот е на Одборот за здрав живот во Кочани, што го сочинуваат 18 граѓански здруженија, чии претставници ја поздравија подготвеноста на идната локална власт да ги прифати предлозите и решенијата за обезбедување подобри услови за живеење на сите граѓани.

КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПРАШУВА ЗОШТО БИ ГО ГЛАСАЛЕ

Васе Витанов, кандидат за градоначалник на Струмица од редовите на Интегра, во интервју за Утрински брифинг, на прашањето зошто очекува граѓаните да го гласаат за градоначалник? Искрено одговара: -Па, не знам ни јас, и јас се прашувам ?

КАМПАЊА

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ И АЛТЕРНАТИВА

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, со кандидатот за градоначалник на Сарај, Ќерим Мамути на средба со жителите на Сарај, ја претставија својата кандидатура и најавија запирање на рекетот од страна на органите на општината, поради што жителите на Сарај се соочуваат со недостаток на вода за пиење, без канализација, уништени патишта и отпад фрлен насекаде на територијата на Сарај.

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ- НАЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски и дел од тимот кандидати за советници во идниот Совет на општината, утрово беа во посета на зелениот пазар, каде имаа можност да поделат промотивен материјал, да разговараат со граѓаните и да ги слушнат нивните потреби за подобро функционирање на градскиот пазар и целата општина.

СДСМ

Кандидатите за градоначалници на СДСМ најавија неколку проекти од нивната програма: Игор Крцоски – Манце најавува бројни проекти предвидени во програмата за работа и развој на општина Дебрца за периодот од 2021 до 2025 година, во Куманово, Оливер Илиевски денеска  на Градскиот пазар во Куманово и на средбата со производителите на земјоделските производители разговараа за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат.,  Христо Кондовски најави дека новата локална самоуправа ќе ги модернизира и реконструира трите сообраќајни влезови во Битола. Од Струмица, Костадин Костадинов, денеска на прес-конференција најави реализација на три важни булеварски решенија во градот, а зајакнување на капацитетите на комуналните служби во општина Аеродром најави Александар Филиповски. Константин Георгиески, актуелниот градоначалник, гледа голем потенцијал во развојниот концепт за Охрид како атрактивна туристичка дестинација во текот на целата календарска година.

Силна поддршка од централната власт за  реализирање голем број проекти ќе добие Кавадарци, во вкупна вредност од 11 милиони евра,  истакна денеска на прес-конференција Горан Тодоров, додека  Горан Герасимовски во рамки на предизборната кампања најави ново шеталиште, нов парк, два нови паркинга и нова општинска зграда во Општина Центар.

ВМРО-ДПМНЕ

Повеќе прес конференции на кандидатита за градоначалници од ВМРО ДПМНЕ:

Од Петровец , Борче Митевски изјави дека во негов мандат во општината е направена најголемата индустриска зона во државата и вети уште една во идниот четиригодишен мандат, Митко Јанчев најави изградба на велосипедско-пешачка патека до фабриката Дрекслмаер и проект за проширување на булеварот до фабриката во Кавадарци, додека повеќе паркови и зелени површини во  Штип најави Иван Јорданов, на денешната прес-конференција . Кирил Пецаков, денеска пред медиумите го посочи развојот на туризмот како еден од приоритетите За Охрид.

ДУИ

Во нашата општина има 41 казина, спортските обложувалници не се ни бројат. Имаме повеќе казина отколку градинки и училишта, повеќе казина отколку спортски терени и објекти и не сакаме во нашиот Гостивар да владее коцкарската индустрија. Оваа порака ја пренесе кандидатот за градоначалник Невзат Бејта на прес-конференција во која го кажа планот кој е дел од програмата на ДУИ.

ГРАД СКОПЈЕ

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска го презантираше новиот кружен тек кај Момин поток ,каде од на 20 јули започнаа градежните работи на големата клучка каде веќе се изработува и за само неполни  два и пол месеци е стигнато во поодмината фаза на земјените работи. Станува збор за изработка на клучка која од „Хубо маркет“, во правецот на булеварот „Никола Карев“, каде  всушност нема семафори и со тоа целосно се овозможува непречен проток на сообраќајот, на возилата, но на велосипедите, имајќи предвид дека овде ќе биде изработен и првиот велосипедски мост во нашиот град.

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО ДПМНЕ, Данела Арсовска, денеска беше дел од учесниците на дебатата за социјално и економско зајакнување на жените преку социјални претпријатија што се одржа во Штип. Со дебатата беше означен и почетокот на петтата „Текстилијада“ чие годинешно мото е „Известување и улогите во борбата за работнички права“, а манифестацијата ја организира невладината „Гласен текстилец“  од Штип.

Зелен хуман град

Изведба на компостара за биоотпад којшто ќе се собира од јавните површини, отпад од кроење гранки, лисја и отпад од храна. Тој отпад во оптимален состав ќе се преработува по пат на органска аеробна преработка се со цел да се добие органско ѓубриво кое има можност да се користи и за одржување на јавните зелени површини од страна на Градот Скопје, но и да се дава како производ на земјоделските производители, најави на денешната прес-конференција независната кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, Ана Петревска, која е поддржана од иницијативата „Скопје зелен хуман град“.

МИТИНЗИ

-Централниот  караван „Најдоброто“ меѓу граѓаните на Карбинци, Штип и Радовиш, каде што ќе се обратат претседателот на СДСМ Зоран Заев и кандидатите за градоначалници Јордан Насев во Карбинци, Сашко Николов  во Штип и Коле Чаракчиев во Радовиш, а во рамките на вториот караван  во Неготино ќе се обратат заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска и кандидатот за градоначалник Тони Делков. 

 –Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Дојран, Валандово, Богданци и Гевгелија. 

 –Прес-конференција на ТВОЈА партија пред Регулаторна комисија.

 –Изборни активности на Движењето Беса во Дебар. 

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ