Ќе се формира уште една државна агенција. Тоа ќе биде агенцијата што ќе го надгледува спроведувањето на Законот за употреба на јазиците, а директорот ќе биде избран на јавен оглас, изјави владиниот портпарол Мухамет Хоџа.
„Формирањето на Агенцијата произлегува од Законот за употреба на јазиците. На вчерашната седница на Владата се дискутираше околу именувањето на директорот на Агенцијата и заедничка констатација е директорот да се избере преку јавен оглас, а Генералниот секретаријат се обврзува да го објави огласот“, рече Хоџа.
Д. М.