Вештачењето на автобусот што пред две недели се преврте кај Ласкарци, при што загинаа 15 патници, уште не е готово.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека уште работа по наредбите што ги добиваат од Јавното обвинителство. Тој истакна дека МВР презема мерки возачот на автобусот да остане заштитен, бидејќи тој е дел од истражната постапка, а запознаени се со сите закани по неговиот живот.
Обвинителството, претходно најави дека ќе донесе одлука по обезбедување на сите докази и потребната документација од обдукции, поврдите на преживеаните патници, од вештачењата и изјавите на возачот, патниците и очевитците.
Б. Ј.