• Latest

Условите за инвестирање во Северна Македонија препознаени како особено поволни во Чешка

October 7, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Условите за инвестирање во Северна Македонија препознаени како особено поволни во Чешка

October 7, 2019 11:13
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска, министерот задолжен за унапредување на правната регулатива за домашни компании Хисен Џемаили и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски ја започнаа работната посета на Брно, Чешка, каде овие денови се одржува најголемиот Инженерски саем во Централна Европа.

Пред свеченото отворање на саемот, официјалната владина делегација оствари средба со чешкиот вицепремиер и министер за трговија и индустрија Карел Хавличек, со кого разговараа за досегашната економска соработка помеѓу двете земји, како и за потенцијалите за зголемување на трговската размена, можностите за инвестирање и енергетските реформи во нашата земја.

По состанокот помеѓу двете делегации, вицепремиерот Анѓушев, како што соопшти неговиот Кабинет, истакна дека постои простор за проширување на економската соработка помеѓу двете земји, особено во делот на пласирање земјоделски производи во Чешка, интензивирање на соработката помеѓу чешките и компаниите од Северна Македонија, како и во поглед на инвестиции од Чешка во нашата земја.

„Веќе имаме пример на чешка инвестиција, тоа е компанијата „Локотранс“, која има најавено дека ќе гради фабрика во нашата држава за шински возила. Се обидуваме да привлечеме и други компании, не само да градат, туку и да бидат купувачи на производите од нашите индустриски капацитети. Денеска и утре ќе имаме средби со бројни компании во Чешка и мислам дека ќе имаме добар развој на соработката и економската размена меѓу нашите две земји“, изјави вицепремиерот Анѓушев по средбата со Хавличек.

Чешкиот вицепремиер Хавличек изрази задоволство од одржаниот состанок и добиените информации за инвестициските можности во Северна Македонија, особено за условите за инвестирање во технолошко-индустриските развојни зони.

„Дефинитивно би сакале да ги дискутираме условите за инвестирање во ТИРЗ во Северна Македонија со сите претставници на чешките претприемачи, Стопанската комора и Конфедерацијата на индустрии, затоа што верувам дека многу чешки компании ќе бидат заинтересирани за производни активности во зоните“, нагласи Хавличек.

Во Брно денеска започна Инжинерскиот саем, што е најголем настан од овој тип во Централна Европа, на кој се присутни околу 1.600 изложувачи од Чешка и целиот свет, а се очекува саемот да биде посетен од над 80 илјади посетители.


извор МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ