• Latest

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

August 17, 2020

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
Скриншот од видео на CBS News

Трамп го ограничи приемот на бегалци на рекордно ниско ниво – приоритет им даде на белите Јужноафриканци

October 31, 2025

По протестите со говор на омраза, Црна Гора воведе визи за турските државјани и построги имиграциски правила

October 31, 2025

Изборен молк: Период на тишина пред граѓанскиот избор

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

August 17, 2020 09:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По утврдувањето на коалициските принципи и определби на евентуалната идна заедничка влада, СДСМ и ДУИ вчера работеа на усогласување на победничките изборни програми и распределба на одговорностите според ресори на двете партии и на создавање на четиригодишна програма за работа на идната влада.

Од СДСМ соопштија дека во разговорите во целост се посветена на економијата, правдата, еднаквоста и интеграциите. Информираа дека во однос на и распределбата на одговорностите според ресори се постигнати добар напредок и начелни согласности.

„Двете партии се обврзаа да предложат соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе ја реализираат програмата во целост за време на полн четиригодишен мандат. Партиските органи, партиските секретари и портпароли веднаш ќе ја известат јавноста за сите нови моменти во преговорите и ги замолуваат јавноста и медиумите да не ги земаат предвид шпекулациите“, истакнуваат од владејачката партија.

ДУИ пак преку соопштение ја повика албанската опозиција да не им наштетуваат на преговорите со СДСМ и, како што нагласуваат, да си го признаат поразот од 15 јули. Според нив опозицијата со недоаѓањето на повикот на Али Ахмети на „тркалезната маса“ на албанските партии, тие се обиделе да го дефокусираат поразот и неуспехот, а со тоа да ја избегнат одговорноста пред нивните гласачи.

„Тие го гледаат своето преживување на политичката сцена преку обиди за неуспешност на Албанците со тоа што стојат на ред на шалтерите на СДСМ и ВМРО и уништувајќи ги преговарачките позиции на победникот и легитимниот претставник на Албанците. Не претворајте го вашиот неуспех во неуспех на Албанците затоа што Албанците нема да ви простат и да го заборават ова недостоинствено однесување“, истакнуваат од ДУИ.

Од Демократската унија на Албанците велат дека таетралното однесување на албанската опозиција не е во интерес на Албанците и дека откако првенствено прогласија победа го оспорија процесот, потоа организираа протести па продолжија со заеднички и посебни состаноци со СДСМ и ВМРО, велејќи дека ќе биле во Владата и ќе побарале срамно „купување“ на пратеници.

„Ослободете ја узурпираната албанска опозициска сцена и не претворајте го вашиот партиски неуспех во национален неуспех, туку отворете го патот за нови луѓе кои ќе водат здраво обединување на опозицијата во корист на сите“, се наведува во соопштението на ДУИ до албанската опозиција во земјава.

Двете партии ги почнаа преговорите веднаш по конститутивната седница на Парламентот на 4 август, се одржаа неколку средби меѓу Заев и Ахмети. Консултации двете партии имаа и во четвртокот минатата недела, откако претходно истиот ден, шефот на државата Стево Пендаровски му го додели мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Тричасовна средба на Заев со Ахмети тогаш, во заедничко соопштение, беше оценета како конструктивна и продуктивна и на која биле постигнати основите за „напредок кон коалициски договор за нова европска Влада посветена на европските интеграции, на економијата, еднаквоста и на владеењето на правото“.

ДУИ од своја страна соопшти дека разговорите за формирање владина коалиција со СДСМ се одвиваат на различни партиски нивоа, изарувајќи уверување дека ќе дојдат до конечен договор и Влада со целосен четиригодишен мандат, која ќе биде изгласана во Собранието, ќе им служи на сите граѓани подеднакво и ќе продолжи партнерството со евроатлантските сојузници.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ