• Latest

Успешно завршена мултинационалната вежба „Брз одговор“ на Криволак, Пендаровски ги усвои Указите за законите поврзани со Коридор 8 и 10, Гостивар позитивен пример за мултикултурализам

May 29, 2023
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Успешно завршена мултинационалната вежба „Брз одговор“ на Криволак, Пендаровски ги усвои Указите за законите поврзани со Коридор 8 и 10, Гостивар позитивен пример за мултикултурализам

May 29, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Успешно завршена мултинационалната вежба „Брз одговор“ на Криволак, демонстрирана обединетост на НАТО

На Криволак денеска се изведе најголема мултинационална вежба „Брз одговор 23“ која оваа година се одржува во државава и со која се демонстрира обединетост на НАТО. Вежбата успешно беше завршена од страна на нашата Армија заеднички со три НАТО армии – САД, Албанија и Црна Гора и земја партнер на НАТО – Косово.

На денот за високи гости присуствуваат претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, пратеници, министри, амбасадори од земјите членки и партнери на НАТО, генерали од армијата на САД за Европа и Африка и од НАТО командите, генералите во Армијата, високи воени и цивилни претставници на вооружените сили и министерствата за одбрана на земјите учеснички на вежбата и НАТО, одбранбени аташеи акредитирани во земјава и други гости.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Пендаровски: Доставениот усвоен закон за работни односи нема одредба за 60 часовна работна недела

„Изминатиот петок, на 26.05.2023. ги примив петте закони за изменување и дополнување на постојни закони, а чија што содржина се однесува на изградбата на коридорите 8 и 10Д, во јавноста познати како закони за проектот на државата со американско – турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“… Во однос на Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи сакам да ја информирам јавноста дека текстот на усвоениот закон не ја содржи оспорената одредба од Уставниот суд која што предвидуваше дека „работното време на секој работник може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината“. Изминативе месеци дадов неколку јавни изјави дека нема да потпишам указ за прогласување на закон кој содржи одредба што претходно е оспорена од Уставниот суд и во таа насока новиот текст на законот не ја содржи  формулацијата „60 часовна работна недела“. Изминативе денови направив низа консултации во однос на уставноста на новиот текст на законот со експерти од областа на трудовото право, со поранешни судии на Уставниот суд и со советниците во мојот кабинет. По сумирањето на различните мислења донесов одлука да го потпишам Указот за прогласување на овој закон, и на останатите четири закони“, изјави претседателот Стево Пендаровски на денешната прес конференција.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Бахмут

Битката кај Бахмут не е завршена, Украина се подготвува за нова фаза од војната – деокупација на територијата под руска контрола

Пригожин

Евгениј Пригожин повторно го поткопува авторитетот на Путин, дали веќе се гледа како негов наследник?

ФЛЕШ ВЕСТИ

РЕГИОН Мисијата на НАТО во Косово, КФОР, го зголеми своето присуство во северниот дел на земјата, населен со мнозинско српско население, откако утрово локални Срби излегоа на протест пред општинските згради во општините, во кои на неодманешните вонредни локални избори, кои Србите ги бојкотираа, победија кандидати на партиите на етничките Албанци.

Е-УСЛУГИ Во Куманово денеска беа промовирани услугите за издавање на уверение за регистрираните податоци во матична евиденција за стажот на осигурување, остварени плати и надоместоци – (уверение за стаж) и издавање на извод од компјутерски запис – образец М1/М2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување.

СОРАБОТКА Министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац денеска во Министерството за економија потпишаа Договор за економска соработка помеѓу Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

МУЛТИКУЛТУРА

„Граѓански дијалози“ во Гостивар: Општината позитивен пример за мултикултурализам

ЦИВИЛ – Центар за слобода со поддршка од Градоначалникот на општина Гостивар, д-р Арбен Таравари, организираше јавен настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“ во просториите на Општината.

На оваа граѓанска средба учествуваа претставнички и претставници на граѓанските здруженија, медиумите, локалните институции, бизнис секторот, верските заедници, политичките партии и подмладоци и заинтересирани граѓанки и граѓани.

Настанот го отворија градоначалникот, д-р Арбен Таравари и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ не нуди валиден социо-економски модел на опстојување на државата во состојба на евроинтеграциско лимбо. Нуди само сопствена надеж и сепак туѓа визија за поинаква ЕУ, трансформирана во сојуз на суверени (едно) национални држави по моделот на Орбан, Качински, Салвини и Ле Пен, ЕУ која сигурно би му се допаднала на Путин, и наводно кога тоа ќе го дочекаме, тогаш ќе можеме да ги репреговараме условите за зачленување“, пишува Тони Поповски во „Поларизираните Македонци пред нов крстопат и одлука“.

Подготви: Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ