• Latest

Уставниот суд вклештен помеѓу правото и политиката

May 30, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Уставниот суд вклештен помеѓу правото и политиката

May 30, 2022 19:48
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд од почетокот на годинава работи со петмина наместодеветмина судии, колку што е неопходно според Уставот. Точно една година како им истече мандатот на тројца од четири испразнети места во Уставниот суд. Во мај минатата година им завршија мандатите на тројца судии кои се и поранешни претседатели на Уставниот суд, Сали Мурати, Елена Гошева и Никола Ивановски.

Во меѓувреме, во Уставен се испразни и четвртото столче, бидејќи кон средината на јануари годинава заврши мандатот и на судијата Јован Јосифовски.

Претседателот Стево Пендаровски пред денешната средба со Кацарска при гостувањето во „Утрински Брифинг“ истакна дека работењето на Уставниот суд е суштината на заштитата на интересите на граѓаните.

– Ваква постава да биде свикана се случува само на Совет за безбедност. Судијката Кацарска нѐ повика да нѐ информира за тешката состојба во која се наоѓа Уставниот суд. Главниот проблем е што нема доволно судии, а наскоро нема да има ни кворум затоа што уште еден уставен судија заминува во пензија. Причината за тоа е што имаме блокада на Собранието веќе подолго време, само што е официјализирана од неодамна, а поентата на опозицијата е да има предвремени избори, вели Пендаровски.

Шефот на државата Пендаровски стравува дека со инсистирањето на опозицијата на свои кандидати може да се случи партизација на Уставниот суд.

Од друга страна, поранешниот претседател на Уставен Суд Трендафил Ивановски смета дека состојбата со функционалноста на Уставниот суд е отсликување на состојбите во општеството.

– Имаме таква состојба да Уставниот суд не ја остварува законитоста и уставноста на државата. За таквата состојба е виновно самото Собрание што скоро година дена непотребно го одоговлекува изборот на новите уставни судии за партиски цели запоставувајќи ја грижата на државата за остварување на уставноста. Со оглед на тоа оваа денешна средба е со закаснување иако претседателата на Уставниот суд Кацарска прави обиди да се реанимира и реактивира работата на Уставниот суд час побрзо – вели Ивановски.

Ивановски додава дека ваквата состојба со функционалноста на Уставниот суд е отсликување на состојбите во општеството а доколку не се превземат итни чекори ни престои уставна криза во земјава.

„Ваквите состојби се резултат на несериозноста најмогу на политичките чинители во земјава. Тука зборам за ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДМ но и останатите. Целиот систем но и Уставниот суд е ставен на климави нозе токму поради интересите на политичките партии и нивните калкулации – посочува Ивановски.

Во меѓувреме претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, изминатиот период повеќе пати алармираше за ваквата ситуација која досега не наиде на разбирање од политичките чинители во земјава и Собранието.

„Овој проблем е на штета на граѓаните, но и за угледот на државата во очите на меѓународната јавност и затоа апелирам Уставот да се почитува. Ова не се рефлектира само врз работата со предмети туку и на можноста за реформи во судството, како што е донесување на нов акт во кој се предвидени промени. Само да потсетам дека судот работи со Деловник стар 30 години донесен во 1992 година“ рече денес Кацарска.

И додека пратениците се надмудруваат а државниот врв се состаночи, Уставнииот суд „кубури“ со кадри. Според експертите ваквата состојба може да биде вовед во една уставна криза а едно одговорно општество не смее да си допушти Уставниот суд, највисоката институција во заштитата на слободите и правата од аспект на заштита на законитоста и уставноста да не може да функционира.

Слободен Печат

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ