На социјалната мрежа Твитер утрово се објавени неколку кратки видеа на кое се гледа како осудениот на 12 години затворска казна за насилството во Собранието од 27-ми април, Горан Ангелов Ќосето конзумира хероин во затвор.
https://twitter.com/MkdTito/status/1537351343689682944
На видеата објавени од профилот TitoMKD се гледаат и други учесници од 27-ми април, исто така осудени на неколкугодишни казни затвор, како на пример Игор Југ и еден од напаѓачите на Зијадин Села, Кире Георгиевски.
Неколку часа по објавените видеа на Твитер, осудениот Ангелов од затвор на Фејсбук објави дека не конзумирал хероин, туку шеќер, за да „проверат дали Нинџа е шпион“.
Инаку, утрово на паркингот пред затворот во Идризово било опожарено возилото на дежурниот командир. Возилото било паркирано на паркингот додека командирот бил на работа. Ова следува откако пред два дена имаше координирана акција и се вршеа претреси во 25 ќелии при што беа запленети дрога, ладно оружје, телефони и пари. Дали има некаква поврзаност и дали засегнатите се одмаздуваат за акцијата, од МВР не коментираат додека истрагата не утврди кој стои зад пожарот. Од МВР истакнаа дека сопственикот на возилото се здобил со повреда при гасењето на пожарот.
Што навистина пуши(ел) Ангелов – Ќосето во затвор треба да истражат надлежните органи…













