Рагми Јусуфи, автор – сатиричар, во интервју за ЦИВИЛ Медиа зборува за неговата збирка сатирични белешки „Македонските тројански коњи“.
Јусуфи го објаснува влијанието на сатирата во создавањето на слободно општество.
„Посебно во последните 10 години од владеењето на претходната власт, беше навистина тешко да се биде сатиричар и воопшто луѓето да се изразуваат слободно“, вели Јусуфи.
„Јас напишав една политичка сатира, од чисти фрустрации за случувањата во мојата татковина во последните 10 години“, изјави тој.
Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.