• Latest

Усвоен третиот Национален извештај за состојбата со човековите права во РСМ

July 5, 2019
Дел од колажот на ФБ страницата United against Trump 2.0

United against Trump 2.0: Од Хитлер, Мусолини и Хирохито до Трамп, Путин и Си – „Америка се движи наназад!“

November 20, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

Студенти и средношколци ширум Европа со протести против планот на ЕУ за зголемување на воените инвестиции

November 20, 2026
Кијив, 20 ноември 2026 (ДСНС)

Мостови, железница и домови под руски оган: Најмалку осум загинати во Кијив и Лвив

November 20, 2026

Една година локална власт: Што се смени во вашата општина?

November 20, 2026
Фотографија: Платформа Х/ Володимир Зеленски

Коалиција на подготвените: Вашингтон отворен за безбедносни гаранции за Украина слични на членот 5 од НАТО

November 20, 2026

Роман Шеремета: Средба меѓу воен злосторник, диктатор и губитник

November 20, 2026

Додека другите слетуваа со приватни и државни авиони на АПЕК, мексиканската претседателка одржа лекција по скромност и лидерство

November 20, 2026
Кијив, 19 ноември 2026 (ДСНС)

Кијив под целодневен руски терор: Загинати цивили и оштетени амбасади – Кримскиот мост повторно погоден

November 19, 2026
Фотографија: Колаж/АП

Пораките на триото Си – Трамп – Путин од Шенжен

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Усвоен третиот Национален извештај за состојбата со човековите права во РСМ

Со свои коментари во дискусијата се вклучиле повеќе држави, главно со позитивни оценки за активностите на РСМ за подобрување на состојбата со човековите права во државата, а изразија и благодарност за прифаќањето на нивните препораки, велат од МНР

July 5, 2019 17:59
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за надворешни работи извести дека на 4 јули во Палатата на Обединетите нации во Женева, се одржа пленарна сесија на Советот за човекови права на која се усвои одлука за исходот на третиот универзален периодичен преглед на човековите права во Република Северна Македонија.

 Делегацијата на Северна Македонија беше предводена од Светлана Гелева, Директор за мултилатерални односи и безбедносна соработка во Министерството за надворешни работи.

Гелева во своeто обраќање пред Советот за човекови права ги презентираше ставовите на Република Северна Македонија во однос на препораките добиени за време на интерактивниот дијалог по презентацијата на Националниот извештај во рамки на третиот циклус на универзалниот периодичен преглед, на 32-та сесија на работната група, во јануари 2019 година. За време на сесијата во јануари беа дадени 169 препораки, од кои 167 се прифатени од страна на Владата на Северна Македонија. Голем дел од добиените препораки се во согласност со приоритетните области на дејствување на Владата, а се однесуваат на областите: недискриминација и родова еднаквост, елиминација на насилството врз жените, реформа на правосудниот систем, борба против корупцијата, слобода на изразување и медиуми, унапредување на состојбата на малцинствата со посебен фокус на Ромите, правата на лицата со попреченост, реформите во здравството….

Со свои коментари во дискусијата се вклучиле повеќе држави, главно со позитивни оценки за активностите на РСМ за подобрување на состојбата со човековите права во државата, а изразија и благодарност за прифаќањето на нивните препораки, велат од МНР. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ