Со денешното усвојување на измените на Кривичниот законик од страна на Собраниската Комисија за политички систем се намалува затворската казна за дела поврзани со злоупотреба на јавните набавки.
Согласно некои толкувања, овие измени ќе допринесат обвинетите за вакви дела да добијат само условна казна.
Со новите измени се очекува да бидат опфатени дека во кои се инволвирани екс-министерката за Култура Елизабета Канческа Милеска и Василије Авировиќ, син на пратеничката Владанка Авировиќ.
За предлогот гласаат пратениците од СДСМ, ДУИ и дела од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ, додека пратениците од ВМРО ДПМНЕ ја напуштија Комисијата.
Ј. М. П.