• Latest

Усвоени измените на законите за нов Клинички центар, за социјална заштита и за заштита на децата

December 23, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Усвоени измените на законите за нов Клинички центар, за социјална заштита и за заштита на децата

December 23, 2020 16:12
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

 Собранието на денешната 28-ма седница, по скратена постапка, го усвои владиниот Предлог на закон за реализација на проектот „Нов Универзитетски клинички центар“ за изградба и ставање во употреба на комплекс на градби.

Министерот за здравство Венко Филипче во образложението на потребата за носење на овој Предлог-законот по скратена постапка нагласи дека со него се очекува забрзување на сите механизми во делот на изградбата на новиот Клинички центар, проект што е одамна очекуван.

– Верувам, дека тоа ќе значи поголем квалитет за здравствени услуги и плесен пристап на граѓантие, истакна Филипче.

Пратениците денеска ги донесоа и предлог-законите за измени и дополнувања на Законот за социјална заштита и на Законот за заштита на децата.

Со Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за заштита на децата, се олеснува пристапот за остварување и користење на правото на додаток за образование во услови на вонредни околности. Се утврдува дека правото на додаток за образование се користи за дете кое присуствува на најмалку 85 проценти од вкупниот број на реализирани наставни часови.

Инаку, овој закон се носи со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови и од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во земјата.

Собранието ја донесе и одлуката за давање согласност на одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансиско пензиско осигурување од пензиските друштва за 2020 година.

Пратениците продолжија со претрес и по новиот Закон за спречување и заштита од насилството врз жените и семејното насилство, во прво читање, по што донесоа заклучок дека е прифатлив и може да се даде на натамошно второ читање, а заклучокот да се достави до Комисијата за труд и социјална политика.

Насилството врз жените како форма на дискриминација врз основа на пол останува голем проблем, а е главна пречка за еднаквост во општеството, беше еден од заклучоците во расправата главно од пратеничките и од парламентарното мнозинство и од опозицијата, кои изразија задоволство од тоа што се носи овој закон, а тие се обединети за оваа тема.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го поддржа овој Закон, бидејќи, како што образложија нејзините пратеници, не ги засега само жените, туку и целото општеството за подигнување на општествената свест околу насилството. Тие наведоа дека се потребни сеопфатени анализи за семејното насилство, воедно охрабрувајќи ги жените жртви на семејно насилство да ги пријават ваквите појави. Воедно, тие посочија дека секој има законска обврска да пријава до надлежните ако е сведок на семејно насилство.

Пратеничката Гордана Силјановска во расправата по овие измени и дополнувања, побара во Буџетот да се одвојат средства за жртвите на семејно насилство, бидејќи, како што рече, се работи за сериозна реформа и потреба од заштита на жените и семјството и секако превенција. Најголемата забелешка, истакна таа, е што со Националното координативно претседава претставник на Канцеларијата на претседсастелот на Владата, а „избришани се“ претставнички од Собранието. Таа предложи со Националното координативно тело да претседава министерката за труд и социјална политика или од некоја невладина организација што се бават со оваа проблематика, оценувајќи дека во сите тела се заборавени жените и членовите на семејствата со посебни потреби./МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ