Генералното собрание на ОН во четврток, на 7 април, ќе гласа за исклучување на Русија од Советот за човекови права.Исклучувањето на Русија од Советот бара поддршка од најмалку две третини од 193-те членки на Генералното собрание на ОН, информира порталот Збор и Дело.
Претходно, САД и Велика Британија соопштија дека ќе бараат исфрлање на Русија од Советот за човекови права на ОН, откако беа откриени злосторствата извршени од руските војници во Буча.
Вчера во ОН се обрати претседателот на Украина Володимир Зеленски. Тој особено повика на реформи во Советот за безбедност на ОН, бидејќи организацијата не е во состојба ефикасно да одговори на војната во Украина.
На 2 март, Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која се осудува руската инвазија врз Украина и се повикува Москва веднаш да ги повлече сите сили од Украина.
превод Жорж Димовски