• Latest

УТРИНСКА ПОШТА: Штајнмајер повика на вистински сојуз, германската авијација транспортира италијански и француски пациенти во Германија, Хари Потер за сите…  

April 2, 2020

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

УТРИНСКА ПОШТА: Штајнмајер повика на вистински сојуз, германската авијација транспортира италијански и француски пациенти во Германија, Хари Потер за сите…  

April 2, 2020 06:45
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦРНИ СТАТИСТИКИ Бројот на инфекции со КОВИД-19 во САД порасна на над 200.000, а глобалната стапка достигна 1 милион. Во светот се пријавени над 900.000 случаи на КОВИД-19, со повеќе од 45.000 смртни случаи. САД забележаа 865 смртни случаи за 24 часа во изминатото деноноќие.  Франција стана четврта земја што објави повеќе од 4.000 смртни случаи на корона вирус. Германија бележи пораст на бројот на смртни случаи за 149 во последните 24 часа и ќе ги продолжи социјалните правила за дистанцирање, барем до 19 април. Кина изброи над 1.300 асимптоматски случаи.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер повика на „вистински глобален сојуз“ за борба против пандемијата на корона вирусот

ВИСТИНСКА СОЛИДАРНОСТ Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер повика на „вистински глобален сојуз“ за борба против пандемијата на корона вирусот во текст објавен во британскиот весник „Фајненшл тајмс“ во средата. „Не може да има победа над вирусот во само една, или во некои земји. Сите ние имаме со што да придонесеме без оглед на големината на нашите економии или население. Глобалното решение е во личен интерес на сите“, напиша Штајнмаер.

ГЕРМАНСКА АРМИЈА Воздухопловните сили на Германија транспортираа четворица тешко болни од корона вирус надвор од Бергамо, Италија, објави воениот портпарол. Airbus A310 MedEvac ги донесе италијанските државјани во Келн, каде што треба да се лекуваат во цивилни болници. Германските воздухопловни сили извршија слични мисии во текот на минатиот викенд. Воздушниот транспортер Атлас А400М на германскиот Луфтвафе се користи за транспорт на пациенти од Стразбур, Франција, до Улм, Германија, за да ја олеснат состојбата на пренатрупаните француски болници.

ХРАНА Бидејќи COVID-19 продолжува да ги нарушува трговските текови и држи повеќе од 2,5 милијарди луѓе под вонредни мерки, вклучувајќи изолација и социјално дистанцирање, некои извозници на жито, вклучително и Русија и Казахстан, заземаат националистички позиции со ограничување на извозот под изговор дека сакаат да обезбедат доволно резерви за сопственото население.

ГЛАД Агенциите за хуманитарна помош предупредуваат на опасноста од глобален недостиг на храна.

СИРИЈА Во текот на изминатиот месец (март) беа убиени помалку цивили во Сирија отколку во кој било друг месец од почетокот на конфликтот во 2011 година. Но Сирија допрва се соочува со предизвикот од пандемијата на КОВИД-19.

СЕКС На жените во Саудиска Арабија им е дозволено да одбијат да имаат секс со сопрузите, доколку тие не преземаат мерки на претпазливост за заштита од корона вирусот, изјави висок муслимански свештеник во кралството.

Сексот и коронавирусот…

ХАРИ ПОТЕР ЗА СИТЕ Ј.К. Роулинг, авторка на светски познатите книги за Хари Потер, отвори нова веб-страница во која се прикажани содржини од нејзините романи, како нејзин придонес да им помогне на децата од целиот свет да се справат со здодевноста кај децата што се заглавени дома за време на пандемијата. Британската авторка рече дека нејзината нова платформа „Хари Потер дома“ е наменета за децата кои не можат да одат на училиште за време на овие невидено тешки времиња.

Parents, teachers and carers working to keep children amused and interested while we’re on lockdown might need a bit of magic, so I’m delighted to launch https://t.co/cPg0dZpexB pic.twitter.com/i0ZjTplVoU

— J.K. Rowling (@jk_rowling) April 1, 2020

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ