• Latest

Вакцинирани близу половина од полнолетните граѓани, надлежните со повик до младите да се вакцинираат

September 8, 2021

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Вакцинирани близу половина од полнолетните граѓани, надлежните со повик до младите да се вакцинираат

September 8, 2021 09:55
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Заклучно со 4 септември со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 44,6 проценти од населението над 18 годишна возраст. Вкупно 54 отсто од граѓаните над 40 години имаат примено барем една доза на вакцина, како и 29 проценти од граѓаните на возраст помеѓу 18 и 39 години.

Согласно податоците на Министерството за здравство, најголем опфат со една доза на вакцина има во Неготино 63,4 проценти, Кавадарци 62,3 отсто и Охрид 61,4 проценти.

Во тек е вакцинацијата во сите вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните можат да се вакцинираат без закажан термин. Процесот на вакцинација со домашна посета, пак, се одвива со претходно искажана заинтересираност до најблискиот пункт на местото на живеење.

Министерството за здравство информира дека вакцини има во доволен број и апелира на заинтересираност и вклучување во процесот на вакцинација, особено помладата популација. Нагласуваат дека вирусот не ги исклучува младите, а на тоа укажуваат бројките од последните анализи.

Акцентот во моментов се става на важноста да се вакцинираат и помладите граѓаните. Надлежните посочуваат дека оваа категорија е помалку заштитена, и токму тие можат да го шират вирусот во своите семејства. Затоа, до крајот на неделава ќе се отвори пункт на кампусот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ каде со кадарот од Универзитетската амбуланта ќе се врши вакцинација и на помладите.

На вакциналните пунктови, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 747.225 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 3.621 граѓани, а вкупно се вакцинирале 14.159 граѓани. Досега во државата се аплицирани 1.332.658 дози вакцини, а ревакцинирани се 579.358 граѓани.

Од Министерството за здравство постојано повикуваат на масовна имунизација на населението. Вакцините, велат, се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од истата.

Апел за имунизација вчера упати и претседателот на државата Стево Пендаровски. Тој смета дека вакцинацијата е клучниот фактор за излез од кризата и оти не смее да се дозволи забавена динамика и нерамномерна дистрибуција на вакцините.

Во претходното деноноќие, од направени 6.425 тестирањe регистрирани се 682 нови случаи на Ковид – 19. Регистрирани сe 1.031 оздравени пациенти, а починати се 32 пациенти.

Досега во земјата се направени 1.197.339 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 180.919, на оздравени пациенти е 160.396, на починати 6.129, а бројот на активни случаи изнесува 14.394 лица.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ