• Latest

Вања по грешка била киднапирана, Палевски со пиштол и перниче во рака и испука куршум, рече Манев

March 12, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Вања по грешка била киднапирана, Палевски со пиштол и перниче во рака и испука куршум, рече Манев

Прашан кого планирале да грабнат, одговори дека Палевски кажувал повеќе личности, меѓу кои, како што рече „беше Сашо директорот на Гранит, после тоа, се одлучи за жена на 38-40 годишна возраст, ќерка на некој од фармацевтските куќи“. Според Манев, Палевски првично на секого им ветил „по 150 илјади евра за грабнување на ќерка на фармацевт“

March 12, 2025 14:52
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Велибор Манев, еден од обвинетите за убиството на Вања и Панче, денеска во Кривичниот суд рече дека грабнувањето на Вања се извршило при третиот обид, а првичниот план бил да грабнат жена на возраст од 38-40 години.

Претходно, Манев пред Судот рече дека грабнувањето на Жежовски во Велес го извршиле со намера да го искористат неговото возило за грабнување на жена во Скопје, а грабнатите да се чуваат во ископана дупка – „земуница“ во Велес сѐ до наплатата.

Прашан кого планирале да грабнат, одговори дека Палевски кажувал повеќе личности, меѓу кои, како што рече „беше Сашо директорот на Гранит, после тоа, се одлучи за жена на 38-40 годишна возраст, ќерка на некој од фармацевтските куќи“. Според Манев, Палевски првично на секого им ветил „по 150 илјади евра за грабнување на ќерка на фармацевт“, за потоа, кога виделе дека не е таа личност, дека е грешка, им рекол „нема да бидат толку пари, ќе бидат помалку, ама важно ќе ги земеме“.

– Цело време дури и пред да се случи самото грабнување, десетина дена претходно ја следел, така ни кажуваше, да видиме кога излегува, каде работи и наводно ја сликал со телефонот. Цело време ни ги покажуваше сликите, изгледаше на 38-40 годишна жена, дали беше фотошопирана не можам да кажам, рече тој.

Манев рече дека женското лице го грабнале на 27 ноември, при третиот обид.

– Возилото на Панче Жежовски беше кај пазарот во Радишани, нѐ однесе таму на 27 ноември и нѐ остави со кангуто, нѐ остави тројцата, мене, Боре и Влатко Кешишев, таму го запаливме возилото и тргнавме кон зградата каде требаше да го извршиме грабнувањето, рече тој.

Прашан како и кој го извел грабнувањето, појасни дека Палевски го објаснил системот и начинот како се отвора вратата на самата зграда.

– Ни го објасни внатрешниот ентериер и распоред на скалите, дека одвнатре може полесно да се земе жената. бБдејќи ни објасни што и како, кога стигнавме таму, Влатко остана во цитроенот, јас и Боре влеговме во зградата. Влеговме, немаше сијалици, темно беше, светлина доаѓаше од самиот влез на вратата и временски, од време на време, Љупчо Палевски по Моторола ни кажуваше саатот колку е што е, како се движи времето до 7:20 часот, кога излегува жената. Во 7:20 јас бев до скалите, Боре чекаше со селотејп лента ставена на раката и кога се симнуваше особата, Боре ја грабна со едната рака, а со другата и ја залепи устата со селотејп и ја повлековме во скалите во потесното, рече тој.

Дополни дека потоа ја врзале, ја ставиле во вреќа за спиење која претходно ја земале од канцеларија.

– Влатко ја донесе колата пред влезот, го отвори гепекот за да може да ја ставиме, посочи тој.

Откако ја ставивме во гепек, по насоки на Палевски, почнав да се движам по улиците што ми ги кажуваше претходно и така излеговме на Партизанска, сѐ она што е снимено по Сејф Сити, покрај Александар Палас, скршнавме кон Качанички пат, тука се исклучив за патот кон местото каде што треба да ја носиме.

– Стигнавме до местото оризови дупки и го отворивме гепекот. Палевски ја праша како се вика, што се вика, чија е, татко, мајка, сѐ почна да ја прашува, и од кога тоа го дозна ни рече да ја извадиме надвор за да ја слика и да може да прати слики на фамилијата. Откако ја извадивме од колата, ја откопчавме вреќата за спиење и салотејпот го извадивме видов дека тоа не е жена, туку дете. Влатко и јас бевме до него блиску и му рековме дека е грешка, треба да го пуштиме назад, бидејќи сме под маски, нема никој видено, да ја ослободиме. Палевски повторно почна да кажува да прекинам, дека ништо не разбирам, дека сѐ е таман, се било чисто, нема што да се бере гајле, дека првичната сума што ја понудил за грабнувањето нема да може да се земе, дека ќе биде помала. Се свртив да гледам кон лозјето, бидејќи беа некроени, напуштени одамна. Додека гледав, Палевски му пријде на детето, со пиштол и со перниче во рака му испука куршум и јас повторно бев надвор од себе, изјави Манев.

Палевски, според Манев, потоа се вратил до пикап- от, и од него извадил неупотребени копач, лопата и ашов и им наредил да ископаат дупка.

– Ја спуштивме во дупката, Палевски ја извлече вреќата и ја фрли во возилото на Панче Жежовски. Со солзи во очите, почнав да закопуваме. Откако го завршивме тоа, јас го возев возилото на Панче, тој напред го возеше пик апот и спрема Глуво, па оттаму скршнавме спрема Скопје, некаде подоле по патот, тој тргна по спореден пат, спрема нивата каде што го запаливме возилото. Запре тука, ми даде знак каде да ја терам колата на Панче во границата, тука извади гориво кое претходно беше земено од страна на Кешишев и го поли возилото и го запали. Јас само го оставив и седнав во пик апот, на предното седиште, Боре и Влатко седнаа позади и тргнавме да се враќаме спрема канцелариите, изјави Манев.

Според сведочењето на Менев, Палевски претходно ги однел на местото „оризови дупки“, пред првиот обид за грабнување, каде како што мислел „ќе се чува грабната жена“.

По грабнувањето и убиството на Вања, Манев рече дека тој и Боре со неговата кола продолжиле за Велес, а Влатко и Палевски останале во канцеларијата.

Манев, исто така, рече дека Палевски потоа му се јавувал „ да не се секира, дека сѐ е во ред“, како и дека му се јавил кога тргнал од Србија за Турција.

– Првиот пат се јави ми рече дека ќе одел за Москва, јас му реков прави што знаеш за после неполни десетина минути, повторно да ми се јави за да ми каже дека се наоѓа на турска граница и дека ќе оди за Истанбул. Имаше јавување и од телефонот на Стефан Димовски и последното јавување ми рече ќе се чуеме сабајле кога ќе бидам во Истанбул. Сабајлето ми се јави, бидејќи знае дека имам пријатели во Турција, ми рече да му дадам некој пријател за контакт за да може да му даде куќа под кирија, наводно во Истанбул била висока киријата, рече Манев.

Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ