Питер Ванхауте, меѓународен медијатор на високо ниво, експерт за јакнење на парламентот и политичките партии во интервју за ЦИВИЛ Медиа говори за односот на Бугарија кон решавањето на спорот со Република Северна Македонија.
„Имате процес на пристапување кон ЕУ, што моментално е комплициран, така што треба да најдете начини да разговарате со ЕУ. Ако нема премиер, кој ќе разговара со ЕУ утре? Друго прашање е секако конфликтот со Бугарија. Бугарите ова го сакаат, бидејќи ќе излезе дека тие се во право со своите постапки и дека нивниот пристап за креирање хаос успева. Очигледно, тоа е она што го сакаат и се чини дека засега им успева.“, изјави Ванхауте во однос на спорот со Бугарија.
Разговорот го водеше Џабир Дерала
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети