• Latest

Вархеји: Исплатата на првите средства од Планот за раст на Западен Балкан е можна пред летните одмори

April 5, 2024
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вархеји: Исплатата на првите средства од Планот за раст на Западен Балкан е можна пред летните одмори

April 5, 2024 18:05
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Планот за раст на Западен Балкан вклучува пакет мерки за поттик на земјите од регионот за многу побрзо исполнување на критериумите за членство во ЕУ и дополнителен сет за поддршка на нивните економии и инвестиции и доколку се оди според планот, првата исплата на средствата, односно на авансот, би можела да се случи пред летните одмори, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР), пренесе МИА.

– Тука не е само финансирањето, туку и отворени агенди и можност за однапред да се почувствуваат некои од придобивките од постепената интеграција, истакна Вархеји во интервјуто дадено по повод вчерашниот договор меѓу Европскиот совет и Европарламентот за формирање на Механизмот за раст и реформи на Западниот Балкан, кој претставува финансиски инструмент на Планот за раст.

Според Вархеји, работите сега се поставени така што до 2027 година кога ќе истече сегашната Повеќегодишната финансиска рамка и до кога е и важноста на Планот за раст, би имале се што е потребно земјите од Западниот Балкан да бидат подготвени да се приклучат на Унијата.

– Се надевам дека исто така е јасно дека ова е политичко сидро на процесот на проширување и дека тој не е реверзибилен освен ако земјата кандидат не одлучи сама да го напушти процесот. Но, од наша страна сега се ставаме на место за да може да се спроведе проширувањето, нагласи еврокомесарот.

Вархеји истакна дека сега останува да заврши формалната процедура за усвојување на Регулативата за создавање на Механизмот, како и да се изработат реформските агенди на секоја од земјите од регионот.

– Се надевам дека следната недела ќе биде одобрена од страната на Советот (на ЕУ), а потоа и формално ќе биде усвоена од Европскиот парламент на последниот пленум во април, што значи дека тогаш ќе се формира Механизмот. Ние веќе работиме со партнерите од Западниот Балкан за да ги добиеме нивните реформски агенди, така што до моментот кога ќе биде воспоставен Механизмот, веќе ќе почнеме да работиме на реформските агенди и на тоа да бидат одобрени најбрзо што може, и посочи Вархеји на репортерката на Танјуг, која го водеше интервјуто во името на ЕНР.

Според еврокомесарот, земјите од Западен Балкан се отидени прилично напред во изработката на своите реформски агенди и веќе се доставени конечни предлози.

Во однос на тоа кога може да се очекуваат првите исплати на средства од Механизмот, Вархеј посочува дека тоа ќе зависи и од спроведувањето на реформите посочени во ланскиот извештај за напредокот на земјите од регионот на патот кон ЕУ.

– Значи, секогаш ќе има поврзаност помеѓу она што треба да се направи во однос на процесот на проширување и реформските агенди. А првата исплата, се надеваме, би била веднаш по усвојувањето на реформските агенда. Тоа најверојатно би можело да се направи пред летните одмори. Тоа е она што го имаме како цел, потенцира Вархеји.

Тој нагласи дека со средствата од Механизмот, земјите од Западниот Балкан ќе може да ги забрзаат реформите, но и да обезбедат инвестиции за проекти од животната средина или енергетскиот сектор, врз основа на утврдени правило и законски барања.

Во однос на останатите мерки предвидени со планот за постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ, Вархеји посочува дека уште лани во ноември подготви листа на области каде што смета дека би можеле да се придвижи тој процес.

– На пример, мислам дека највидливата и најзначајна мерка што можеме да ја направиме оваа година е учество на земјите од Западен Балкан во Единствена област за плаќање во евра (СЕПА), што ќе доведе до намалување на трошоците за трансфери на пари меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан. Според мене, мислам дека ова би било највидливото остварување, истакна еврокомесарот за проширување.

Околу можното влијание на изборите за членови на Европскиот парламент во реализацијата на Планот, но и на целокупното пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, Вархеји посочува дека кога станува збор за проширувањето тој процес кој во поголемиот дел се води во Советот на ЕУ и од страна на земјите членки, па така евроизборите не би имале значително влијание врз него.

– Се разбира, улога во тоа како ко-законодавец има и Европскиот парламент, на пример при создавањето на Механизмот, но во однос на динамиката на политичкиот процес, Советот е тој што е клучен, посочи Вархеји.

Тој изразува надеж дека и следниот состав на Европскиот парламент ќе помага за побрза имплементација на Планот, бидејќи, како што вели, во интерес на Европската Унија е да го постигне овој успех, но и да помогне да се намали економскиот и социјалниот јаз меѓу ЕУ и Западен Балкан.

– Вистинскиот одговор непосредно пред изборите, како за Западен Балкан, така и за граѓаните на ЕУ, е дека со ова имаме јасни гаранции дека она што треба да се направи со реформите ќе се направи, а во однос на Западен Балкан дека можеме да се обидеме да обезбедиме поголеми придобивки од пристапувањето уште пред членството во Европската Унија, порача Вархеји во интервјуто за ЕНР.

Tags: „ЕУ - Западен Балкан“Оливер Вархеји
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ