Посетата на Скопје на еврокомесарот Оливер Верхеји доаѓа веднаш по вчершното објавување на два извештаи на Европската комисија, едниот како оценка на Северна Македонија, а другиот економскиот инвестициски план за развој на земјите од Западен Балкан. На заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев, Вархеји истакна дека економскиот план е регионален и дека треба да им помогне на земјите подеднакво, како и прашањето на ромската заедница и нивниот потенцијал за придонес во економијата.
„Досега не сме обрнувале доволно внимание на ромската заедница и нивните потреби, особено кога се работи за нивното вклучување во пазарот на трудот. Мислам дека постои голем потенцијал во поглед на нивниот придонес кон економијата. Вие г-не премиере треба да работите пофокусирано на тоа прашање и тоа може да го смени животот не само на примпадниците на таа заедница, туку и на сите млади луѓе, Роми, коишто ќе се вклучат во образовниот процес подоцна и во економијата и можеби, за сите млади во земјата, ќе успееме да го спречиме одливот на мозоци. Не само овде, туку и во целиот Западен Балкан, младите да се вратат во регионот“, порача Вархеји.
„Вчера ЕК ги објави двата исклучително важни документи за европската агенда за РСМ. Годишниот пакет за проширување, кој го вклучува и годишниот план за процесот за пристапување на земјата во ЕУ, како економскиот инвестициски план за Западен Балкан… Целиот пакет документи се придонес кон создавање силен политички момент за уште еден, овојпат, ќе речам, конечен исчекор за европската агенда на нашата земја во кој ќе отпочне преговарачкиот процес согласно новата методологија и влегување нова повисока фаза во остварувањето на нашата стратешка цел – членството во ЕУ.
Дополнително важен момент е што Извештајот на ЕК се објавува во период на реаформирање реформските чекори и програмата на новата влада и претставува одлична алатка за прецизно дефинирање на приоритетите и секторските планови во наредниот период.
Согласно досегашаната практика извештајот на ЕК дава јасна слика за состојбите во земјата, ги нотира областите каде што е постигнат напредок, како и областите во кои треба да се вложат дополнителни напори за нивно усогласување со европските стандарди.
Во таа насока оди и нашата благодарност и за остварувања и за укажувањата во Извештајот на ЕК… јас како премиер, заедно со министрите од анализите на наодите од Извештајот, ќе ги искористиме укажувањата на ЕК за проверка на нашите акциски планови и стратегии од првиот кластер од Поглавјата за преговори, посветен на темелните вредности кои натаму ќе се преточат во преговарачките позиции на нашата земја“, изјави Заев
„Не само што сме ангажирани со вас да го зајакнеме проширувањето со тоа што, пред сè имаме нова методологија, второто постигнување договор со другите земји членки за почеток на преговорите со вашата земја, а третата работа е инвестисциониот и економскиот план, кој може да биде значителен поттик за земјите од Западен Балкан и поттик, исто така, по крајот на кризата и да го фатите чекорот и економски и општествено со остатокот со земјите од ЕУ“, истакна Вархеји.
Б. Ј.