Она што е уште поинтересно, е да видиме колку честитки и за која брзина ќе добие владата за изборот, бидејќи, во принцип, сите знаеме дека ВМРО –ДПМНЕ доби честитки за победата, која е навистина јасна, недвосмислена, легална и легитимна , вели лидерот на движењето „Нова република“ Ивон Величковски, во интервју за ЦИВИЛ Медиа.
„Но, во исто време забележуваме дека изостанаа честитките за избраните функционери, особено честитките за госпоѓата Силјановска Давкова, кои веројатно изостанаа заради начинот на кој што таа ја презема, или, даваше изјава дека ја презема функцијата.
Од тие причини, може да го поставиме прашањето дали имаме претседател на Републиката којшто ја презема должноста или не, и тој проблем ќе се провлекува и понатаму.
Истото сега се однесува на владата, да видиме кој ќе честита и со која брзина ќе стигнат честитките за формирањето на владата, особено затоа што тоа покажува дека владата ќе влезе во еден, така да речеме, меѓународен промет, и со своите партнери, дали во ЕУ, во регионот или пошироко во меѓународната заедница, секако во Северно-атлантската алијанса, на каков начин, со која отвореност и со каков тип на соработка ќе ги остварува своите меѓународни комуникации.“, посочува Величковски.
Д. Тахири
Камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети
Линк до целосното интервју: