Велика Британија сега формално ја признава палестинска држава, вели премиерот Кир Стармер во видео изјава на социјалните медиуми, пренесува Би-би-си.
Пред објавата, Канада стана првата земја од Г7 што го прави истиот потег, по што следува Австралија
Стармер вели дека ја одржува „жива можноста за мир“ и инсистира дека Велика Британија ќе „продолжи да се бори за да ги врати“ дома израелските заложници што сè уште се во Газа
Но, израелското Министерство за надворешни работи вели дека „признавањето не е ништо друго освен награда за џихадистичкиот Хамас“ – премиерот Бенјамин Нетанјаху претходно рече дека тоа го „зацврстува“ „одбивањето“ на групата да ги ослободи заложниците“
Семејствата на оние што сè уште се држат во Газа, исто така, изразија загриженост – во отворено писмо до Стармер, тие велат дека признавањето „ги комплицира напорите да ги вратиме дома нашите најблиски“
Претходно, вицепремиерот Дејвид Лами ја бранеше позицијата на Велика Британија, велејќи за Би-Би-Си „сега е време да се заложиме за решение со две држави“
Д. Мишев