• Latest

Верхофштад: Кога диктаторите одат во војна, вистината е секогаш првата жртва

February 22, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Верхофштад: Кога диктаторите одат во војна, вистината е секогаш првата жртва

Да не се лажеме: начинот на размислување на Путин претставува директна закана не само за истокот на Украина, не само за Украинците, не само за земјите кои претходно биле дел од СССР, туку и за сите што сака да ги види како дел од руската сфера на влијание. Тој сака да го врати часовникот наназад не пред востанијата во Белорусија, кои му се приближија на срцето, не пред револуцијата на Мајдан, туку пред 1991 година

February 22, 2022 16:04
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

– Кога диктаторите одат во војна, вистината е секогаш првата жртва, но она што вчера го слушнавме од Путин беше политички театар на апсурдот. Историските искривувања и намерните лаги кажуваат се за неговата душевна состојба и невидената опасност што произлегува од неа, пишува европратеникот и поранешен премиер на Белгија, Гај Верхофштад, за говорот на Путин во врска со Украина.

Како што пренесува Фронтлајн.мк, Верхофштад во објавата на Фејсбук го разоткрива тврдењето на Путин дека украинската нација е измислица на Ленин, а подоцна и на Западот.

„Украина има богата и сложена историја што датира со векови, обликувана со тоа што се наоѓа на раскрсницата на Истокот и Западот, со нејзин одделен идентитет што опстојува долго пред Советскиот Сојуз. Она што го видовме во изминатите децении е дека украинскиот народ сака да биде слободен и модерен и… комплексен, како што се сите модерни идентитети, а со тоа одбива да се вклопи во „рускиот државен капут“, вели Верхофштад

Нагласува дека секоја држава има право да го брани сопствениот суверенитет, па оттука да ги избере меѓународните сојузи кои и го дозволуваат тоа.

„Желбата на Украинците да се приклучат на НАТО произлегува токму од историските и континуирани тврдења и закани на Русија. Одбранбениот сојуз како НАТО за нив изгледа единствената гаранција за мир и безбедност“, истакнува Верхофштад.

Тој вели дека признавањето на Доњецк и Луганск од страна на Путин значи дека договорите и дипломатијата како такви се сега минато.

„Шарадата за тие две независни „народни републики“ е премногу очигледна – повторување на она што се случи со Крим во 2014 година: воена операција организирана од Русија, проследена со повик организиран од Русија за „помош“, служејќи како изговор за руската војска и држава да се наметнат и да ја преземат територијата“, вели европратеникот Верхофштад.

Тој додава дека неодамна, стотици илјади руски пасоши беле дистрибуирани во регионите, како што вели,  „замаглувајќи“ ги границите пред армијата на Путин и официјално да ги прецрта.

„Да не се лажеме: начинот на размислување на Путин претставува директна закана не само за истокот на Украина, не само за Украинците, не само за земјите кои претходно биле дел од СССР, туку и за сите што сака да ги види како дел од руската сфера на влијание. Тој сака да го врати часовникот наназад не пред востанијата во Белорусија, кои му се приближија на срцето, не пред револуцијата на Мајдан, туку пред 1991 година“, потенцира во својата објава, европратеникот и поранешен премиер на Белгија, Гај Верхофштад.

Во меѓувреме руските пратеници изгласаа ратификување на договорите на Путин склучени со лидерите на двете сепаратистички републики во источна Украина, еден ден откако Путин ја призна нивната независност и нареди да бидат таму испратени војници.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ