• Latest

Верските заедници, политиката и (зло) употребата на религијата

September 25, 2018
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Верските заедници, политиката и (зло) употребата на религијата

September 25, 2018 12:29
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Важноста на референдумот во недела, 30.09, во изминативе денови ни ја потврдуваат бројните јавни личности кои се вклучени во кампањата. Прашањето е јасно и нуди два одговори, за или против, но, гласни се оние без јасно артикулиран став преточен во кампањата бојкотирам.

Пишува: Мерсиха Смаиловиќ

Сосема неповикани, но присутни во политичкиот живот на независна Македонија, се јавија верските институции! Исламската Верска Заедничка е секогаш присутна за време на изборните кампањи, каде суптилно агитира преку сликањата со одредени политички партии, а посебно преку нискорангираните имами. ИВЗ сметајќи се себе за духовен пастир и во согласност со верските начела треба да ги води верниците, си зема за право, директно да им сугерира на верниците да излезат и да гласаат ЗА на престојниот референдум. Можеби на мене како активна граѓанка и припадничка на исламот ова би требало да ме израдува, но всушност чувството ми беше исто како што ми ги предизвикуваа анатемите кои ги фрлаа деновиве свештениците на МПЦ.

Тоа што ИВЗ секогаш се изземала себе од секојдневните случувања во животот на еден верник/верничка, изземајќи се себе си од глобалните случувања и текови, едноставно не им дава за право, сега да станат од удобноста на своите фотелји и да ни посочат што да правиме на референдумот. ИВЗ ги нема во осудувањето на исламофобијата која со години ја слушавме од политичарите, ИВЗ ја нема на обуките за спречување и препознавање на говорот на омраза, ИВЗ не размислува за вклучување на другите етнички заедници во своите редови, а што се однесува до вклучувањето на жените во административните редови на ИВЗ, тоа е нешто за кое воопште не се помислува.  „Најдобар од вас е оној кој најмногу и користи на заедницата“ рекол Пратеникот Мухамед, а.с., а која корист ја имаме ние верниците од ИВЗ, постојано се прашуваме.

Ваквата ИВЗ, нема да поттикне ниту еден граѓански активист или активистка, да одлучи што ќе прави во недела врз основа на само едно штуро соопштение!

Додека ИВЗ јасно го артикулира својот став кон ова битно прашање, МПЦ кампањата им ја препушти на своите свештеници. Некои имаа храброст и јавно излегоа со став ЗА или ПРОТИВ или немање став па ќе бојкотираат. Но, застрашувачко беше од свештено лице да се чуе говорот на омраза кон тие кои се одлучиле за Европска Македонија. Па, ја искористија моќта на одората и светоста на местото на кое се наоѓаат да повикуваат на Божјиот суд кон неистомислениците и да фрлаат анатема кон истите. Јас ќе си дозволам да ги потсетам на еден Библиски стих: „ ”Добриот човек од доброто сокровиште донесува добри нешта; а злиот човек од злото сокровиште донесува зли нешта. И ви велам, дека за секој празен збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден; зашто по твоите зборови ќе бидеш оправдан, и по твоите зборови ќе бидеш осуден.” “ Матеј, 12:35-37

ИВЗ и МПЦ треба со своите дела а не со зборови да ги потврдат своите традиционални вредности кои ги заговараат во верските традиции на кои им припаѓаат. Искреноста, праведноста, трудољубивоста, доверливоста, преданоста, грижата и сочувството се вредности кои се присутни во градините на сите верски традиции.

Од ИВЗ и МПЦ се очекува да го сменат односот кон политиката и политичарите. Треба да се грижат за процесите во кои се наоѓаат нивните припадници. Треба јасно и гласно да укажат на аномалиите во нашето општество: на корупцијата, неправдата, недовербата, негрижата, етничката и верската нетолеранција и насилство. Ова е нивна обврска која ја превзеле заедно со мисијата која е предочена во верската одора. Тогаш кога ќе ја исполнат горенаведената мисија тогаш својата политичка акција можат да ја артикулираат со укажувањето на верниците за правото на глас и обврската да се излезе на гласање, на битноста за исполнувањето на граѓанските но и верските должности при општествените случувања.

На крајот, не сакам да ги гледам претставниците на ИВЗ и МПЦ во првите редови на Собранието на Р.М., сакам да ги видам во првите редови на хуманитарни акции, во смирувањето на етничките тензии, во повикувањето и живеењето на соживотот, во спроведувањето на родови политики, сакам да ги видам лидерите на верските заедници меѓу верниците а не меѓу политичарите. Одвојувањето на религијата од политиката е здрава основа во изградбата на секуларна држава. Држава која силно ќе чекори кон Европската Унија.

 

Оваа колумна е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“

 

Share16TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ