• Latest

Вето-силите во ОН предупредуваат од употреба на атомско оружје

January 4, 2022
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Вето-силите во ОН предупредуваат од употреба на атомско оружје

January 4, 2022 12:49
in ВЕСТИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во ретка заедничка декларација, единствените пет официјални нуклеарни сили потврдија дека по секоја цена сакаат да спречат војна со нуклеарно оружје. Не може да има победник во нуклеарна војна, се истакнува во изјавата.

„Нуклеарната војна никој не може да ја добие и до неа никогаш не смее да дојде. Употребата на нуклеарно вооружување би имала далекусежни последици. Нуклеарното вооружување, додека постои, треба да служи во одбрамбени цели, одвраќање и спречување на избивање војна. Натамошното ширење на таквото вооружување мора да биде спречено“, се наведува во заедничката изјава на Москва, Париз, Лондон, Пекинг и на Вашингтон.

Заедничката изјава на петте членки на Советот за безбедност, како оваа на 3 јануари 2022 година, е ретка. Државите кои како постојани членки на Советот на безбедност на ОН имаат право на вето, оваа изјава ја објавија непосредно пред конференцијата во Њујорк на која се разгледува Договорот за неширење на нуклеарно оружје, а ја координира Франција. Договорот за неширење на нуклеарно оружје има за цел да забрани ширење на нуклеарното оружје, а го инцираа овие пет држави во 1968 година.

Важноста на почитувањето на договорите

Во изјавата се нагласува и важноста за почитување на билатералните и мултилатералните договори за неширење на вооружување, разоружување и за контрола на вооружувањето. „Остануваме посветени на исполнувањето на нашите обврски од Договорот за неширење на нуклеарно вооружување, вклучувајќи ја и нашата обврска да ги продолжиме преговорите за запирање на трката во нуклеарно вооружување во раната фаза и на нуклеарно разоружување.“

Секоја од петте држави има и намера да продолжи да ги засилува националните мерки за спречување на неовластена или ненаменска употреба на нуклерното оружје.

Се наведува и оти ниту едно од нуклеарните оружја не смее да цели на друго нуклеарно оружје, или на некоја држава. „Повторно ја нагласуваме нашата желба да работиме со сите држави за создавање безбедно опкружување, кое ќе создаде простор за натамошно разоружување, со крајна цел да имаме свет без нуклеарно оружје.“

Русија- иницијатор на изјавата

Руската влада соопшти дека до заедничката изјава на петте нуклеарни сили дошло на нивна иницијатива „и со исклучително активно учество“ на Русија. Москва изрази надеж дека тоа ќе допринесе до глобално опуштање.

Односите меѓу Русија и САД и другите западни земји во моментов се исклучително затегнати поради украинската криза. Тензиите неодамна пораснаа и меѓу Кина и САД. Заедничката изјава на силите со право на вето во Советот за безбедност на ОН, исто така, е важна за преговорите за оживување на нуклеарниот договор со Иран кои се водат во Виена. Цел на договорт е да се спречи Техеран да набави нуклеарно оружје.

Покрај САД, Русија, Кина, Франција и Велика Британија, постојат и други земји кои имаат нуклеарно оружје, а тоа се Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја.

Извор: Дојче веле

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ