• Latest

Вие глупантропите и премиерот на мотор…

April 22, 2018
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Вие глупантропите и премиерот на мотор…

April 22, 2018 11:18
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ниту една јавна личност не е лишена од приватни активности по преземањето на политичка или друг вид на функција во државата. И тие, покрај сѐ, наоѓаат време за театар, за прошетка со мотор, за скијање и пливање, за годишен одмор, за џускање во дискотеки, за посета на спортски натпревари, за концерти, за возење велосипеди, скутери и така натаму.

Пишува: Боки Бургија

Верувам дека со ова се согласува мојот пријател Геро, кој, од само нему познати причини, се ставил во друштвото на глупантропи, спомнати во еден мој вчерашен статус на Фејсбук, кој го испровоцирал за јавна реакција во која ме опоменува за “прекурчувањето“ од деценискиот популизам на претходната власт, со кој, за жал, според него продолжува и оваа, или барем таков впечаток ми остава, и ме прашува што сакам.

Па, сакав, на пример, да не се препознаеш во тоа писание, друже Геро, ама јебига…

Популизам? Хе, гледам дека нема секојдневно сечење црвени ленти на селски чешми, нема директни преноси од фрлање лопати врз празни дупки, нема телевизиски екипи при поставување колчиња на тротоарите, ниту при садењето дрва, нема шетање низ македонските и турските чаршии со семејството, ниту возење велосипед од подрумот на владата, додека дежурните екипи на информативните  телевизиски станици го чекаат на кеј, нема свечени отворања на уметнички изложби, нема ниту лажно купување книги во книжарниците, нема ќебапчиња во “Тетекс“, нема телефонско решавање на проблемите на граѓаните, нема одење пешки на работа, настан снимен со неколку камери од различни позиции, нема ниту бизнис трип репортажи, и дузина вакви слични кои го карактеризираа популизмот на Груевски, и, замисли, сето тоа намерно да се прави, со наредба до медиумите задолжително да се пренесуваат сите активности на премиерот, да се репризираат неговите досадни говори до повраќање…

Најверојатно од предозираноста на таквиот популизам, сега дуваме и на ладно, всушност на нешто што е сосема нормална работа, а тоа значи дека и тие, функционерите, па и премиерот, имаат слободно време кое го искористуваат според своите потреби и намери, ете, за посета на театар, за возење мотоцикл, за скијање, за пливање. И замисли друже Геро, тоа се објавува од други извори, не од пи-ар на Владата, не се проследени со задолжително присуство на сите значајни медиуми, па затоа сѐ почести се и глупнатропските “критики“ за ваквите потези, кои спаѓаат во категоријата алапачење, без, смисла за пренесена критичка порака. Штетни се, наполно исто како и фалењето односно глорифицирањето на секој потег на премиерот и Владата од некои “партали“ самопрогласени медиуми.

А, има доволно работи кои се за отворена дебата и критика. Премиерот возел мотор, бил во театар, та преку Тасета. Нека вози и џамбо, само да гледаме на не ја извози државата, бе, Геро. Тоа треба да биде целта на критизерските пера, не алапачење, барајќи влакно во јајцето стравувајќи дека и овие се исти. Далеку се, сѐ уште…

Поздрав, друже Геро…

Tags: Боки БургијавладаГероПремиерстатус
Share169TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ