• Latest

ВИДЕО: Денес жените добија цвеќе, а утре?

March 8, 2023

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ВИДЕО: Денес жените добија цвеќе, а утре?

March 8, 2023 16:07
in АНАЛИЗИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Иако речиси се е поскапено, цените на цвеќето годинава се исти како од претходните, розите не чинат повеќе од 150 денари, а граѓаните традиционално го одбележуваат 8. Март – Меѓународниот ден на жената со купување цвеќе за сопругите, колешките, наставничките.

На цветните пазари, во локалните цвеќарници, па и на импровизираните тезги со цвеќе покрај училиштата и маркетите денеска се бара „букет повеќе“.

Џејмс Браун пее, „ова е машки свет, но тој не би бил ништо без жена или девојка“. Мажите ги измислиле превозните средства, електричната енергија, мажите прават сè, мажите прават пари, но без жената нивното срце би било пусто и огорчено. Колку има вистина во овој хит од 60-тите? Мажите уште од најрано време имале за задача да ловат и носат храна во домот и да го штитат семејството, а жените да се грижат за домаќинството, но дали е тоа сменето низ годините или пак живееме во малку помодерна верзија од минатото.

Денес кога наголемо се „урла“ за женската еманципација во општеството, за рамноправноста меѓу половите, модерните жени сепак се збунети – дали сè уште живееме во машко општество? Зошто мажите ги поставуваат нормите и правилата? Дали тој значително помал процент на жени инволвирани во политиката во споредба со мажите, е доволен за да речеме дека живееме во општество каде владее хармонија во половата еднаквост?

Жените и во 21 век се уште се борат за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Се уште не заработуваат како мажите иако работат на исти позиции, а исто така само третина од работоспособните жени се вработени.

Родовата еднаквост е една од глобалните цели. Жените ја сочинуваат нешто повеќе до пола од вкупната популација во светот, а сепак нивниот придонес во економскиот раст е далеку под потенцијалот. Најчесто се доживеани во улога на домаќинки, мајки, сексуален објект…

Неискористувањето на високиот потенцијал и способностите на високо квалификуваниот женски кадар претставува загуба на таленти и загуба за економијата во целост иако многу студии покажале дека компаниите кои имаат жени на високите менаџерски позиции имаат подобри финансиски и организациски перформанси наспроти компаниите кои се man-only.

Демократските идеали за инклузивност, одговорност и транспарентност не може да бидат постигнати без политики, мерки и пракси кои ги адресираат нееднаквостите. Мажите и жените треба да имаат иста шанса да го достигнат својот потенцијал што и да одлучат да прават, а не вторите да бидат граѓани од втор ред.

Во суштина ништо не е сменето од пред повеќе од еден век, и Клара Цеткин и Роза Луксембург се бореле за истот, да добијат право на глас, да им се подобри положбата во општеството и да имаат еднакви плати со мажите. За жал жените во светот уште се борат за право на глас – дома, на работа, во Собрание, на улица…

Соња Танеска

Видео и монтажа: Александар Ризински

Tags: права на женитерозиСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ