Општина Чаир денес во Паркот „Украина“ организираше поставка на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ – омаж за децата жртви на Холодоморот во Украина (1932–1933) и повик за рефлексија за трагичните последици од војните и неправдите.
Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, во своето обраќање пред јавноста, истакна дека овој симболичен чин, кој ги надминува националните граници, е доказ за посветеноста на Општината, како место на соживот помеѓу различни националности, кон промовирање на мирот, историското сеќавање и хуманите вредности.
Во свет каде што војните, хуманитарните кризи и омразата сé уште се присутни, овој настан е јасен повик да не забораваме, да не бидеме рамнодушни, да бидеме секогаш глас на мирот и чин на совеста, истакна градоначалникот Ганиу.
Настанот беше реализиран во соработка со Амбасадата на Украина во Скопје, со присуството на амбасадорката Лариса Дир, која ја нагласи важноста на пријателството и солидарноста меѓу народите.
Подготви: Д. Мишев
Камера: А. Мехмети