Хрватската социјалдемократска партија се огласи по концертот што го одржа Марко Перковиќ Томпсон на загрепскиот хиподром, наведувајќи дека сите биле сведоци на срам од целиот свет.
Како што пренесува klix.ba, во соопштение за медиумите, СДП изјави дека мора јасно да се дистанцира од историскиот ревизионизам.
„Наместо да го искористиме вниманието на јавноста и организацијата на концертот како единствена можност силно и јасно да се дистанцираме од сите форми на историски ревизионизам и усташкото движење, бевме сведоци на глобален срам во кој екстремните пораки добија државна логистика и директна поддршка од врвот на владата. Зошто Андреј Пленковиќ, ако веќе се сликаше со Томпсон, не ја искористи таа можност да му каже она што би му го кажал секој одговорен премиер: дека во Хрватска усташкото движење нема и нема да има место ниту на сцената ниту околу неа? Ова е особено опасно кога во публиката има млади луѓе кои сè гледаат како некоја интересна видео игра и не разбираат каква опасна игра се одвива во позадина и какво зло се повикува на сцената“, изјави СДП.
Тие исто така нагласуваат дека проблемот никогаш не бил во самата музика.
„Проблемот никогаш не бил во музиката. Проблемот е во она што ја придружува таа музика – во текстовите, симболите, пораките и идеологиите што отворено го слават усташизмот, кои ги воздигнуваат Јуре и Бобан на ниво на Бог и патриотизам. Вистината е сосема поинаква: Ако постои пекол, Јуре и Бобан секако се таму. Патриотизмот е одговорност што нè обврзува да создадеме општество на правда, солидарност и вклученост, бидејќи само во такво општество можеме да живееме со достоинство и слобода. Сè што отстапува од овие вредности не е вистинската љубов кон татковината, туку колапсот на принципите на слобода, правда и меѓусебно почитување врз кои е основана Хрватска“, заклучи СДП на Хрватска.
500.000 people chanting a WWII-era Nazi greeting in #Croatia 🇭🇷 at a concert of a man who sang songs glorifying fascist-run concentration camps & the genocide against #Serbs. This is accepted in the #EU. 🇪🇺 pic.twitter.com/9l8oBEKIM3
— Boris Malagurski (@malagurski) July 6, 2025
Концертот на контроверзниот Томпсон во Загреб, на кој 500.000 луѓе го скандираат усташкиот поздрав „За Дом – Спремни“од времето на Втората светска војна во предизвика лавина реакции и коментари на социјалните мрежи, како во Хрватска, така и во регионот и пошироко.
Д. Мишев