Лидерската средба кај претседателот Пендаровски, која беше свикана за договарање на датум за избори заврши без датумот за избори.
Претстедателот на ВМРО ДПМНЕ кој на почетокот на пандемијата изјави дека на СДСМ им одговара оваа пандемија за да нема избори, денеска не беше подготвен да разговара за датум за изборите.
Мицкоски изјави дека нема намера да лицитира со јавното здравје и здравјето на граѓаните.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пак изјави дека на денешната средба се утврдило дека се исцрпени сите можности за свикување на Собранието и покрај сите напори на партијата тоа да се случи.
„Во насока на грижата за здравјето на граѓаните, наша обврска е час поскоро да ги ставиме во функција сите институции во земјата. Парламент и Влада која ќе носи одговорност“, изјави Заев.
За наредната недела е најавена нова лидерска средба на која се очекува конечен договор за датумот за избори.
камера: Атанас Петровски