Од почетокот на септември, ЦивилМедиа поставува Прашање на денот секој работен ден. За предизвиците на почетокот на школската година, пензиите, безбедноста на учениците, кој вистински владее со државата, интерпелацијата на Гаши и владиниот проект за 250 милиони евра за општините…
Прашањата се актуелни, а дел од нив се поставени по предлог од читателките и читателите на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Тие прашања се поврзани и со темите на денот што ги обработува ЦивилМедиа и аналитичарите кои ексклузивно соработуваат со редакцијата.
Сепак, најважни се одговорите што пристигнуваат во форма на јавни коментари и уште толку, ако не и повеќе пораки од оние што сакаат да го кажат своето мислење анонимно.
Форматот на иницијативата е само релативно нов. Овој начин на комуникација со граѓанките и граѓаните е вткаен во начинот на кој функционира организацијата и нејзината медиумска платформа веќе 25 години.
Монтажа: А. Мехмети