Редакцијата го постави денешното ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ и во видео формат. Воедно, Џабир Дерала, во името на ЦИВИЛ и Редакција ЦивилМедиа, им го честита почетокот на учебната година на ученичките и учениците, нивните родители и наставниот кадар.
„Прашање на денот: Кои се клучните проблеми на почетокот на учебната година? Ова прашање го постави ЦИВИЛ на своите социјални профили и ги повика сите свои читателки и читатели да одговорат на ова прашање во коментари или во пораки, ако сакаат да останат анонимни. Се разбира, ќе ja искористиме оваа прилика да им посакаме многу среќа на сите ученички и ученици. Навистина ќе им треба среќа – и ним, и на нивните родители, а и на наставниот кадар. Па нека е со среќа!“, вели Дерала во краткото видео.
КЛИКНЕТЕ НА ФБ СТАТУСОТ И ОДГОВОРЕТЕ ВО КОМЕНТАРИ ИЛИ ПОРАКИ:
Редакција ЦивилМедиа