САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ со Дехран Муратов и Џабир Дерала за изјавата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, во гостување на поткаст „На кавга со Иван“ на Канал 5, кој истакна дека решението за депонијата Вардариште е по кратка постапка и на сила да се дислоцираат „една ромска група (200 души)“ која, според него, е виновна за палење на отпадот.
Како и за тоа дека најголемата навреда за Ромите не е само изјавата на Ангелов, туку молкот на министрите-Роми.
Заменик министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Неждет Мустафа и министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите и кандидат за градоначалник за Шуто Оризари, Шабан Салиу, во телефонски разговор за ЦИВИЛ Медиа рекоа дека не ја слушнале изјавата. Ќе дале изјава кога ќе ја слушнат изјавата на Стојанче, но…
Камера и монтажа: Ариан Мехмети