Шест лица, меѓу кои три деца, загинаа откако хеликоптер со семејство туристи се урна во реката Хадсон во Њујорк, соопштија властите, пренесува Би-би-си.
Петчленото семејство беше од Шпанија, а шестото лице беше пилотот, изјави градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс за новинарите во четвртокот. Сите биле во хеликоптерот во моментот на падот.
„Нашето срце е со семејствата“, рече Адамс.
Комесарката на њујоршката полиција Џесика Тиш рече дека идентитетот на жртвите нема да биде објавен додека не се известат семејствата. Причината за несреќата е под истрага.
На видео снимката од инцидентот се гледа како хеликоптерот паѓа од небото наопаку и потоа се распрснува во реката Хадсон.
PAY CLOSE ATTENTION TO THE FOOTAGE ⚠️
THIS IS EXACTLY WHAT I WAS AFRAID OF‼️ pic.twitter.com/E5qflxhp38
— Matt Wallace (@MattWallace888) April 10, 2025
Официјални лица рекоа дека хеликоптерот ја изгубил контролата набргу откако се свртел кај мостот Џорџ Вашингтон за да се движи по брегот на Њу Џерси.
Откако излегоа на местото на настанот, спасувачите ја пребаруваа водата за жртви или преживеани и иницираа „итни мерки за спасување на животот“, но напорите беа неуспешни.
Четири жртви биле прогласени за мртви на лице место, додека други две биле прогласени за мртви во блиската болница, соопштија официјални лица.
Д. Мишев