На 8-ми мај се одбележува 80-годишнината од завршувањето на Втората светска војна (во Европа). Навремено и соодветно, британската политичка кампањска група „Led By Donkeys“ (на македонски: „водени од магариња“) испрати порака до Илон Маск. Во објавено видео на социјалните медиуми тие уништуваат Тесла.
View this post on Instagram
Ѕвездата на видеото е 98-годишниот ветеран, кој се претставува како Кен Тарнер. Тој служел во Втората светска војна во британската армија, исто како и Шерман тенкот со кој е прикажан.
„Јас сум доволно стар и сведочев како фашизмот се создава. Сега повторно се враќа.“
Тарнер објаснува во видеото дека Илон Маск – најбогатиот човек на светот – ја користи својата огромна моќ за да ги поддржи десничарските екстремисти во Европа. Неговите пари доаѓаат од продажбата на Тесла, продолжува Тарнер.
Затоа има порака за Маск: „Ние веќе го „смачкавме“ фашизмот и ќе го направиме тоа повторно.“
Потоа се гледа како Тарнер со својот Шерман тенк поминува преку Тесла со регистарска табличка „Fascism“ и го уништува – добро, всушност, го смачкува.
„Led By Donkeys“ е основана во 2018 година како анти-Брегзит група и од тогаш со своите герилски акции постојано привлекува внимание. Во последно време, во фокусот на нападите се наоѓаат и Илон Маск и Тесла. Последните акции беа како реакција на нацистичкиот поздрав на Маск на денот на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Акциите на оваа активистичка група привлекуваат големо внимание на социјалните медиуми и генерираат безброј прегледи, коментари и лајкови.
извор: Watson.ch